Познавачите на областа велат дека тоа не е препорачливо.rnrn
rnrnЛепилото со кое се лепат патиките може да се растопи во машината, дури и ако ги перете само со ладна вода.rnrnТие велат дека никогаш не треба да ги ставате патиките во машина за перење, а за сушење никако не треба да користите фен. Топлината може да го растопи лепилото кое тие го содржат, а во зависност од материјалот, може да се исушат со фен само платнените патики.rnrnНаместо да ги перете во машината, можете да ги исперете патиките со детергент, рачно.rnrnИ еве уште еден совет за перење: за крпите да бидат помеки вметнете тениско топче во сушарата за алишта.rnrnТениско топче може да вметнете и при сушењето на јакни со пердуви и перници. Тениското топче им помага на овие полнења побрзо да се исушат.rnrnСопствениците на јавни перални тврдат дека не е можно пантолоните да се „исчистат“ преку ставање во замрзнувач и препорачуваат нив задолжително да ги исперете по 5 носења. Пред да ги ставите во машина треба да ги превртите за да го забавите нивното избледување.rnrnИако ни се чини дека алиштата се почисти со употреба на малку повеќе детергент тие тврдат дека не е така.rnrnПремногу детергент за алишта може да создаде нови проблеми, како што се оштетување на облеката, создавање мирис во машината за перење и подолго сушење на облеката.rnrnТие откриваат и дека бактериите не се уништуваат при перење на висока температура, но препорачуваат употреба на избелувач врз база на хлор.rnrnМожеби сакате да прочитате и како да се справите ако вашата облека се стеснила при перењето? Еве како да ја раширите на најлесен начин.
Дали треба патиките да ги перете во машина за перење? 3 грешки што ќе ги уништат фармерките и омилената облека
