КАФЕ ПАУЗА

Дали треба да се дружите со колегите од работа?

Дали треба да се дружите со колегите од работа?

Written by

in

,

Пријателството на работа може да го намали вашиот стрес и да придонесе за проширување на вашите видици, за релаксација и да биде добра основа за доживотни деловни врски, па дури и за партнерства.rnrnДали треба да се дружите со колегите од работа?rn

Да се дружите со вашите колеги од работа или не?

rnОдговорот на ова прашање не е едноставен. Речиси е невозможно да се употребат одговорите „да“ и „не“ во средина каде што работат многу луѓе. Но, прво да дефинираме што се подразбира под дружење со колегите.rnrnДружење е кога развивате добар колегијален или пријателски однос со колегите, што барем делумно се протега и во приватниот живот. Пријателството можете да го одржувате со заеднички ручек за време на паузите, со пијалак по работното време или да се дружите во слободното време во кое не мора да бидат вклучени и членовите од вашето семејството.rnrnАко избегнувате блискост и дружење, ќе ве сметаат за чудни, антисоцијални и аутсајдери, што не е некоја завидна позиција и може многу лошо да влијае врз вашата кариера. Не заборавајте дека многу често со колегите на работа поминувате повеќе време отколку со семејството и со пријателите.rnrnДружењето со колегите по работното време може да биде многу корисно за вашето психичко задоволство, а исто така може да ви даде до знаење на кои колеги можете да се потпрете, а на кои не и на кои колеги можете да им верувате, а на кои не можете.rn

Што не смеете да пропуштите?

rnНастани што во никој случај не треба да се пропуштат:rn

    rn 011

  • Сите видови дружење и забава за вработените
  • rn 011

  • Новогодишна забава
  • rn 011

  • Еднодневна или викенд екскурзија со вработените во компанијата
  • rn 011

  • Роденденска забава
  • rn 011

  • Забава за збогување со колега/колешка
  • rn

rnТреба да бидете присутни на повеќето друштвени настани што се организираат од компанијата во којашто работите. Се разбира, може да има причини зошто некогаш нема да можете да отидете на одредена забава, но постојаното одбивање да присуствувате на ваквите настани значи непочитување на колегите и на претпоставените, па дури и занемарување на вашата работа. Така, сето ова може да биде контрапродуктивно. Ако не сакате да бидете дел од заедницата на одредена компанија, дефинитивно треба да си го поставите прашањето зошто воопшто работите во таа компанија.rn

Бидете дел од тимот

rnМногу колеги по работното време одат заедно на ручек, на кафе или на пијалак и одвреме-навреме сигурно и вие ќе добиете покана за роденден, за скара, за спортски натпревар, па дури и за свадба. Се разбира, сето ова не е во описот на вашето работно место, што значи дека немате обврска да појдете. Но сепак, потрудете се да присуствувате барем на дел од нив.rnrnВашето прифаќање на поканата за ручек, за пијалак или за забава значи дека се чувствувате како дел од тимот, но и дека колегите ве сметаат за дел од своето друштво или сакаат да станете дел од него. Ако сте срамежливи и тивки не значи дека треба да ги избегнувате поканите за дружба. Никој не очекува од вас да бидете во срцето на забавата и на разговорот или во центарот на вниманието, туку да бидете дел од целината како и сите други.rnrnЗапомнете дека во такви ситуации секогаш можете да дознаете корисни информации поврзани со работата, со колегите и со претпоставените што можат да ви помогнат при извршувањето на работата. Со оглед на тоа што во едно такво опкружување се зборува поотворено, значи дека можете да зборувате за одредени проблеми на работа, да решите некои спорови, да креирате стратегии итн. Исто така, добрите идеи многу често се раѓаат во порелаксирано опкружување.rnrnУште неколку причини зошто е добро да се дружите:rn

    rn 011

  • Можете слободно да го искажете вашето мислење на пријателски начин и во пријателска околина
  • rn 011

  • Нема да се чувствувате нелојално и негативно
  • rn 011

  • Можете да кажете работи што ви лежат на душа
  • rn 011

  • Можете да дознаете што навистина се случува зад затворени врати
  • rn

rnИако дружбата со колегите е пожелна, на работа постојат и токсични луѓе од кои треба да се држите понастрана.