Железото е едно од најважните нешта во нашето тело и тоа е неопходно за произведување хемоглобин, пренесување кислородот и сите останати хранливи состојки до клетките во организмот, а една од последиците на недостаток на железо е слабокрвноста, односно анемија. Личностите кои патат од недостаток на железо брзо се заморуваат, бидејќи им недостига кислород во организмот. Без доволно железо, телесното гориво не може правилно да се синтетизира. rnrn
rnrnСпоред истражувањата, дури 9% од жените патат од недостаток на железо, а тој процент е уште поголем доколку предвид се земат физичко активните припаднички на женскиот пол. Лошата и неадекватната исхрана е една од најчестите причини за недостаток на железо, а потоа се наведуваат и други причини како што се прекумерното губење крв, неспособноста за произведување хемоглобин и така натаму. Доколку сакате да дознаете дали патите од недостаток на железо, тогаш послушајте ги сигналите кои ви ги испраќа телото. Ви откриваме неколку од најчестите симптоми кои би можеле да укажуваат дека ви фали железо во организмот.rn
1. Хроничен замор
rnТелото го користи железото за да создади хемоглобин, супстанци во црвените крвни клетки кои го пренесуваат кислородот. Ако крвните клетки не се доволно здрави, тогаш ќе почнете да се чувствувате исцрпено и уморно.rn
2. Ослабен имунолошки систем
rnАко сте често болни, особено ако имате проблеми со настинките и слични воспаленија, тоа би можело да биде уште еден од симптомите за недостаток на железо.rn
3. Проблеми со концентрацијата
rnКај личностите кои имаат недостаток на железо може да се промени синтезата на невротрансмитерите, што доведува до нарушување на концентрацијата.rn
4. Промени на расположението
rnНедостатокот на железо може да влијае и на вашиот позитивен живот, односно да ги наруши односите, бидејќи предизвикува чувство на апатија кон секого – партнерот, семејството, пријателите…rn
5. Останување без воздух
rnОва може да ви се случи додека вежбате, но дури и во текот на лесните прошетки или некој помал напор. Без доволно железо во крвта, вашето тело ќе биде гладно за кислород.rnrn
rn
6. Изгледате исцрпено
rnБледа, сува и уморна кожа, поточно исцрпен изглед е уште еден од симптомите кои може да укажуваат на недостаток на железо. Заморот може да биде предизвикан од намаленото дотекување на крвта и бројот на црвените крвни клетки.rn
7. Болка во мускулите
rnНедостатокот на железо може лошо да влијае на вашите мускули, односно да предизвика болка после вежбањето.rn
8. Кршливи нокти и коса
rnКревките и слаби нокти или слабата коса се уште еден од симптомите кои може да се појават кај личностите на кои им недостига железо.rnrnПричини за недостаток на железо може да биде бременоста, губењето крв, исхраната која е сиромашна со железо, неможноста за апсорпција на железото (кај Кронова болест или целијакија), но и кај други разни болести (леукемија, хемороиди, рак на желудникот).rnrnВо ризична група спаѓаат постарите луѓе, жените (особено оние со обилни менструации), трудниците. Лечењето секако зависи од причината за недостаток на железо. Ако овој недостатокот не се лекува, тогаш симптомите може да се влошат. Причините треба што порано да се идентификуваат, особено кај постарите пациенти кои се најподложни за појава на разни болести. Се препорачува да земате додатоци во исхраната, а добро е да се спомене дека млекото ја намалува апсорпцијата на железото, додека витаминот Ц помага при зголемување на апсорпцијата на железото и е важен во создавањето хемоглобин.rnrnНамирниците кои изобилуваат со железо се црвеното месо, рибата, овошјето, зеленчукот, гравот, оревите и житарките. Личностите кои патат од недостаток на железо би требало да го избегнуваат кафето, чајот и другите пијалаци со кофеин, бидејќи ја намалуваат апсорпцијата на железо.