КАФЕ ПАУЗА

Дали секогаш ви е ладно или топло? Зад овие состојби може да се крие голем проблем!

Воопшто не е пријатно постојано да ви биде ладно додека надвор температурата е доволно висока за одење со кратки ракави. Исто така, не е добро ни да ви е топло и да се потите во сред зима. Но, овие состојби не се случајни. Тие често можат да укажуваат на здравствени проблеми или пак, да се поврзани со умор и стрес.rnrnДали секогаш ви е ладно или топло? Зад овие состојби може да се крие голем проблем!rn

Здравје

rnТоплината може да укажува на хормонални проблеми поврзани со климакс, висок крвен притисок, зголемена работа на тироидната жлезда или пак, на бактериски и вирусни инфекции. Од друга страна, чувството на студенило неретко е одговорно за анемија, намалена работа на тироидната жлезда, претерано ниска телесна тежина и слаба циркулација на крвта предизвикана од недоволно физичка активност. Во секој случај, потребно е да направите целосен систематски преглед со цел да се одреди вистинскиот проблем и да се најде соодветната терапија.rn

Стрес

rnСитуациите кои изобилуваат со стрес предизвикан од тешкиот распоред и напорната работа често се одразуваат на здравјето. Понекогаш тоа се манифестира како непријатности во температурата. Доколку се потите додека другите го зголемуваат греењето, а здравствено сè е во ред со вас, тогаш можеби е време да забавите и да земете одмор.rn

Депресија

rnДоколку срцето е ладно, истото го чувствува и телото. Оваа состојба најчесто не е поврзана со температурата на воздухот. Доколку се чувствувате осамено, несфатено и депресивно, тоа е доволна причина за да ви биде и физички непријатно. Од друга страна, поминувањето квалитетно време со блиски личност може многу добро да му влијае на вашето тело.rn

Како да ги избегнете непријатните температурни бранови?

rnОблеката и храната играат огромна улога при прилагодувањето на надворешните услови. Во ладните зимски месеци обидувајте се да јадете повеќе храна како супа и варива, а исто така не е лошо да го зголемите и внесувањето на јаглехидрати преку лути зачини. За време на топлите летни денови се препорачува повеќе зеленчук, салати и полесни оброци. Исто така одржувајте ја собната температура помеѓу 21 и 24 степени.rnrnПсихолошката состојба има огромно влијание, па токму затоа е и подложна на автосугестии. Тоа значи дека замислувањето на топли краеви ќе му помогне на вашето тело да лачи повеќе ендорфини, кои се заслужни за регулирање на телесната температура, а со тоа и ќе ве врати побрзо во нормала.