Здравствени придобивки од чајот од цимет

Сподели

Чајот од цимет е богат со корисни својства кои имаат многу здравствени придобивки како слабеење, подобрување на работата на срцето, ублажување на менструалните грчеви, намалување на воспалението како и нормализирање на нивото на шеќерот во крвта. Во продолжение прочитајте кои се неговите здравствени придобивки.

Реклама

rn

1. Полн со антиоксидантски својства

rnЧајот од цимет содржи многу антиоксиданси кои се борат против слободните радикали. Слободните радикали ги оштетуваат здравите клетки и се главната причина за развој на болести како дијабетес, рак и срцеви заболувања.rn

2. Го намалува воспалението и ја подобрува работата на срцето

rnИстражувањата покажале дека циметот значително го намалува воспалението. Освен тоа, циметот може да го намали крвниот притисок, како и нивото на триглицериди и ЛДЛ (лош) холестерол кај некои поединци. Чајот од цимет може и да го подобри здравјето на вашето срце со отстранување на вишокот холестерол од крвните садови.rn

3. Го намалува шеќерот во крвта

rnСостојките во циметот придонесуваат за побрзо разградување на јаглехидратите и притоа го спречуваат зголемувањето на шеќерот во крвта особено по оброците.rn

4. Ја намалува телесната тежина

rnЧајот од цимет може да ви помогне да ги намалите телесните масти, но овој пијалак може да содржи и високи нивоа на кумарин. Оваа состојка, од друга страна, доколку се консумира прекумерно може да го зголеми ризикот од крвавење или да предизвика заболување на црниот дроб.rn

5. Ги уништува бактериите и габите

rnЦиметот има силни антибактериски и антигабични својства. Според истражувањата, главната состојка на циметот го спречува растот на разни бактерии, габи и мувла. Освен тоа, циметот се препорачува и како средство во борба против лошиот здив.

Откако ги прочитавте здравствените придобивки од чајот од цимет, можеби сакате да прочитате и зошто диетата со цимет е моментално најпопуларна во светот.

Извор: healthline.com

Популарно

Може ќе ве интересира