Заборавете на тестовите за интелигенција, бидејќи истражувачите пронашле сосема нов начин да ви помогнат да сфатите дали вашето дете е гениј! Сè што треба да направите е подетално да ги погледнете нивните чкртаници.rnrn
rnrnСпоред новата студија од Универзитетот Радбуд во Холандија, постојат 30 „исклучителни делови“ што само надарените деца ги вклучуваат на својот цртеж додека цртаат луѓе (имајте на ум дека талентот за цртање не е вклучен во овој тест). На пример, деталите како шминката, пегите, влакната на рацете, ноктите или карактеристиките како дланки во џеб, можат да бидат знак за висока интелигенција.rnrnВие исто така треба да обрнете внимание на додатоците како прстени, протези, кравати и техниките на цртање што вклучуваат рамни линии и рамки. Можеби не ви изгледа така, но дури и цртежите каде што е прикажано течење мрсули од нос или луѓе што уринираат, може да биде знак дека вашето дете е многу паметно.rnrn
rnrnПа следен пат кога вашето дете ќе добие наплив на креативност, погледнете го нередот што ќе го остави зад себе пред да го исчистите. Студијата што била наречена „Идентификување високо надарени деца според анализа на цртање човечки фигури“ сугерира дека надареноста е многу повеќе од високо IQ.rnrnСо традиционалните програми за анализа на надарените деца се користат стандардизирани тестови што понекогаш не ги идентификуваат сите деца со натпросечни способности. Некои од нив едноставно делуваа помалку интелигентно бидејќи едноставно им е досадно, а други пак, може да попуштат под стресот на тестирањето и да извлечат многу пониски резултати. Токму затоа и цртежите можат да ни дадат детален и точен увид во нивото на нивниот потенцијал.rnrn
rnrnЗа најмалите: Со помош на овој едноставен тест со грозје откријте колку се интелигентни вашите деца!
Цртежите на вашето дете можат да откријат дали е надарено
