Чоколадни банани што секој може да ги направи дома

Сподели

Некои рецепти бараат многу време, додека други лесно се подготвуваат за само неколку минути и од само неколку состојки, како овие чоколадни банани со кикиритки.

Реклама

Ова е многу лесен рецепт што речиси секој може да го направи. Најтешкиот дел? Чекањето да се зацврсти чоколадото!

Чоколадото и бананата се совршен пар. Кога ќе додадете вкус на кикиритки, ќе добиете опасно добра комбинација што потсетува на здрава верзија на популарното чоколадо Сникерс.

rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 1 банана
  • rn 011

  • 4 лажици путер од кикиритки
  • rn 011

  • 150 гр чоколадо
  • rn 011

  • 50 гр кикиритки
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn

    rn 011

  1. Исечкајте ја бананата на мали парчиња. Вметнете чепкалка за заби во секое парче.
  2. rn 011

  3. Ставете путер од кикиритки на едната страна од бананата, а потоа таа страна се потопува во мелени кикиритки.
  4. rn 011

  5. Стопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа и натопете ги бананите во чоколадото.
  6. rn 011

  7. Ставете ги бананите на хартија за печење и ставете го чоколадото во замрзнувач 10 минути или во фрижидер околу 20 минути. Добар апетит!
  8. rn

rnСовет плус:

Наместо путер од кикиритки, можете да користите путер од бадем, лешник или индиски ореви, а бананите да ги украсите по желба.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој неодолив шведски десерт.

Популарно

Може ќе ве интересира