За појадок, вечера или ужина, овој чоколаден тост ќе ви покаже дека комбинацијата од чоколаден крем и путер од кикирики е совршена, а бананата само ќе го надополни ефектот. Направете го кога сте во брзање, кога не знаете што благо да јадете или кога не можете да му најдете соодветна примена на путерот од кикирики. Верувајте, ова е тост кој нема да го направите само еднаш.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 2 парчиња леб
- 2 големи лажици путер од кикирики
- пола банана
- 60 г чоколадо за готвење
- 1 лажица стопен путер
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnДвете парчиња леб намачкајте ги со путер од кикирики.rnrn
rnrnПоловина од чоколадото за готвење грубо исечете го со нож, а другата половина ситно изрендајте ја. Исечете ја бананата ја на 4 тркалца кои ќе ги распоредите врз едното парче леб. Врз бананата, ставете го грубо исецканото чоколадо, а останатите рендани трошки распоредете ги подеднакво на двете лепчиња.rnrn
rnrnПреклопете ги парчињата леб внимателно. Горното парче намачкајте го со растопениот путер и ставете го на тостер или на тефлонско тавче (за палачинки) ако немате тостер. Почекајте чоколадото да почне да се топи. Потоа превтрете го тостот на другата страна и намачкајте го другото парче леб со путер. Кога тостот ќе добие убава златна боја, исечете го на два тријаголници.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
