Иако сте ја купиле маскарата која сите ја препорачуваат, сепак и понатаму вашите трепки изгледаат лошо. Кога ќе ставите вештачки трепки, ситуацијата не е ништо подобра, а сигурно ни навечер не ја отстранувате маскарата како што треба. Постојат неколку причини зошто ви се случува ова, па ако сакате да дознаете нешто повеќе за одржувањето на вашите трепки, каде грешите и како да ги исправите тие грешки, продолжете со читање.rnrn
rn
1. Ги виткате трепките откако ќе нанесете маскара
rnОва е целосно погрешен чекор кој ќе им помогне на вашите трепки да се „скршат“, слепат и да не изгледаат убаво. Правилото е едноставно, прво виткање, а потоа нанесување маскара!rn
2. Секојдневно користите водоотпорна маскара
rnОваа маскара не се брише така лесно, дури ни со најдобрите средства за чистење шминка. Поради таа причина, најверојатно ќе поминете неколку пати со тупферот низ окото и на тој начин ќе ви паднат повеќе трепки отколку што би требало. Најдобро би било да ја користите оваа маскара само кога се во прашање посебни прилики.rnrn
rn
3. Не користите соодветно средство за бришење на шминка
rnИмајте на ум дека имате работа со многу чувствителен дел од вашето тело. Мора да бидете благи и нежни. Најдобро средство за бришење на шминката од очите е она кое се базира на масла, бидејќи се ефикасни и нежни, а честопати содржат состојки кои им помагаат на трепките побрзо да израснат.rn
4. Не водите сметка за хигиената
rnИсто како што не го допирате лицето со нечисти раце, така не би требало и очите. Од друга страна пак, кога ја бришете маскарата нема место за мрзеливост, туку задолжително бидете детални и не дозволувајте да остане ниту најмала дамка.rnrn
rn
5. Не ги ставате и не ги вадите вештачките трепки како што треба
rnБез разлика колку вашите очи изгледаат убаво кога носите вештачки трепки, сепак сочувајте ги за посебни прилики. Лепилото, секако, не е добро да биде секојдневно близу до трепките, а кога ќе ги вадите немојте да ги тегнете туку поминете со чепкалка за уши и масло преку деловите каде што тие стојат и лесно потегнете.rnrnДоколку ги поправите овие грешки, заедно со правилно нанесување и одбирање соодветна маскара, вашите очи ќе заблескаат со посебен сјај.