Познато е дека монасите се едни од најсмирените луѓе што постојат. Секако дека тука огромно влијание има начинот на живот, но сигурно користат и одредени техники кои им помагаат да го задржат мирот. Следниве вежби ќе ви помогнат да ги смирите нервите. Не треба да правите ништо друго освен да дишете, но најдобро е да не ги повторувате повеќе од 5-10 пати по ред. Прочитајте за што станува збор…rn
Кое е основното правило на вежбите за дишење што ќе ви помогне да го намалите стресот?
rn
rnrnСеднете исправени, затворете ги очите, опуштете се и мислете на позитивни работи.rn
За брзо намалување на стресот
rn
rnrnЗемајте воздух длабоко, но на кратки интервали. Потоа задржете го воздухот 4 секунди и издишувајте бавно и целосно. Почекајте 5 секунди, па вдишете повторно.rn
За да се опуштите и да го избистрите умот
rn
rnrnСтавете ја едната рака на челото, а другата на задниот дел од главата. Тоа ќе ви помогне да ја засилите циркулацијата на крвта во овие делови од главата и на тој начин ќе ја намалите тензијата. Без да ги тргнете рацете, вдишувајте и издишувајте рамномерно, со мали паузи помеѓу вдишувањето и издишувањето.rn
За да си ги смирите нервите
rn
rnrnВдишете длабоко и потоа издишете употребувајќи сила низ многу малку отворена уста. Додека издишувате, ослободувајте го воздухот во мали количини, така што ќе го туркате однатре кон надвор.rnrn
rnrnВо следната вежба треба вештачки да зевате. Отворете ја устата колку пошироко можете, сѐ додека не почувствувате блага болка во долната вилица и тогаш почнете да вдишувате рамномерно. Би требало да почувствувате како белите дробови ви се полнат со воздух. Задржете го воздухот 2 секунди и потоа внимателно и рамномерно почнете да издишувате.rnrn
rnrnВдишувајте целосно и без да го задржувате воздухот, испуштете го воздухот со отворена уста. Вашите усни треба да формираат круг. Ослободувајте го воздухот постепено. Првиот дел од издишувањето треба да биде најдолг, а при секое наредно издишување треба да испуштате сѐ помалку и помалку воздух. Откако ќе го испуштите целиот воздух, почекајте 5-10 секунди и потоа повторете ја вежбата за дишење.