КАФЕ ПАУЗА

Брз и здрав оброк со јајца, одличен за летните горештини

Ви се јаде нешто вкусно, здраво, нешто што се подготвува брзо, а добро се согласува со вашата диета пред летниот одмор? Продолжете со читање. Овој оброк се спрема за неколку минути во микробранова печка, богат е со протеини и е идеален за градење мускулна маса, па ако зачестивте во теретана деновиве слободно нагостете се. Плус содржи свеж зеленчук за некое витаминче плус и зачини за дополнителен шмек.rnrn(1) Brz-i-zdrav-obrok-so-jajca-odlichen-za-letnite-goreshtini-www.kafepauza.mkrn

Потребни состојки за 2 порции:

rn

    rn011

  • 2 мали лажички маслиново масло
  • rn011

  • 1 црвен кромид
  • rn011

  • 1 главица лук
  • rn011

  • 1 пиперка
  • rn011

  • 125 г чери домати
  • rn011

  • 4 јајца
  • rn011

  • 1 супена лажица ситно исечкан магдонос (по желба може да се замени со вегета)
  • rn011

  • црн бибер
  • rn011

  • 25 г пармезан
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnИсечкајте ги кромидот, лукот и пиперката, а чери доматите можете да ги пресечете на пола. Ставете ги во сад заедно со маслиновото масло и нека се готват во микробрановата печка на висока температура 3 минути. Настрана изматете ги јајцата, додадете ги зачините и 2 супени лажици вода. Извадете го зеленчукот од микробрановата, измешајте го и додадете ја смесата со јајцата. Вратете го садот во микробрановата уште 1 минута и 30 секунди на висока температура. Извадете го повторно и убаво измешајте, па повторно вратете го назад уште 2 минути. На крајот, оставете 3 минути да се олади, па одозгора додадете го пармезанот.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.