КАФЕ ПАУЗА

15 неверојатни факти за Дубаи

15 неверојатни факти за Дубаи

Дубаи е блескав град и нуди една од најспектакуларните урбани глетки на планетата. Тој постојано расте и се поврзува со нафта, богатство, луксуз и шопинг, но покрај тоа има и некои други интересни работи за него кои вреди да се знаат.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn1. Секој четврти кран на оваа планета во моментов се наоѓа во Дубаи. Постојано се гради нешто.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn2. За вештачките острови во форма на палма кои се изградени на брегот на градот се донесени 94 милиони кубни метри песок. Тоа е доволно за 2,5 пати да се наполни зграда како Емпајр Стејт Билдинг.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn3. Со златото од хотелот Бурџ Ал Араб може да се изработат 46.265 златни рамки за Мона Лиза.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn4. Секој полициски автомобил во Дубаи троши повеќе пари за одржување на годишно ниво отколку еден студент во некоја од поразвиените држави.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn5. Дури 85% од луѓето кои во моментов се во градот се доселеници кои се таму на привремена работа. Најчесто доаѓаат од Индија, Пакистан и Бангладеш и работат во нехуманите услови на градежните компании.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn6. Скапи роботи се користат за трки со камили. Порано децата се користеле како џокеи, но тоа ја зголемило трговијата со деца од сиромашните земји и затоа денес камилите за трки ги јаваат роботи во вредност од 300 до 10.000 американски долари.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn7. Бурџ Калифа е толку висока зграда што некои од станарите мораат да чекаат подолго при рамазанските пости. Причината е тоа што сонцето подоцна заоѓа за оние од погорните катови.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn8. Ако Бурџ Калифа се наоѓаше во Скопје, ќе можеше да се види дури од Штип. Скопје и Штип се оддалечени 89 километри, а оваа зграда е видлива и на 95 километри оддалеченост.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn9. Дури 40% од целокупната светска трговија со злато во 2013 година се случила во Дубаи. Се тргувало со 2.250 тони злато. Тоа е тежина отприлика колку 354 слонови.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn10. Таму веќе се гради и нов град чија клима ќе биде контролирана од човекот. Тој град се наоѓа на 4,5 километри од Дубаи и зафаќа површина за два пати поголема од онаа на Монте Карло.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn11. Дубаи во 2013 година го посетиле 11 милиони туристи. Овие луѓе би можеле да населат град кој би бил 12-ти најнаселен во светот и трет најнаселен во Кина.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn12. Дури 39% од хотелот Бурџ Ал Араб мора да биде отстапен на технологијата заради одржување на температурата. Само во останатите 61% гостите можат да престојуваат.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn13. Дневното производство на нафта на Дубаи изнесува 50.000-70.000 барели. Тоа е доволно за целокупните потреби од нафта на Македонија за период од 2,5 до 3,5 дена. Во 1991 година ваделе и по 400.000 барели нафта дневно, што би ги задоволило нашите денешни потреби за 20 дена. Инаку Дубаи е само еден од седумте Обединети Арапски Емирати.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn14. Вкупното богатство на четирите милијардери од Дубаи според листата на Форбс изнесува 18,7 милијарди долари. Тоа е речиси седум пати поголема сума пари отколку онаа во Буџетот на РМ за 2015 година.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn15. Дубаи треба да гради и сопствен забавен парк кој ќе се вика Дубаиленд. Предвидено е да чини 64,3 милијарди долари, за шест пати повеќе од вредноста на хуманитарната фондација на Емирот.rnrn15 неверојатни факти за Дубаиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.