Според најновото истражување кое го спровело списанието „Evolution and Human Behavior“, за жените најпривлечни се мажите кои имаат брада од 10 дена. Жените кои учествувале во истражувањето оценувале фотографии од мажи, кои имале брада во различни стадиуми. На делба на второто место се нашле тазе бричените мажи и целосно забрадените, додека оние со петдневна брада се нашле на третото место. Во продолжение прочитајте неколку совети за совршено одржување на вашата брада.
rn
Бидете уредни
rnСамо затоа што пуштате брада не мора да значи дека можете да се опуштите. Според Алан Петеркин, авторот на книгата „Илјада бради: културна историја на влакната на лицето“, долната линијата на брадата треба да се наоѓа на средина помеѓу адамовото јаболко и врвот на брадата. Не заборавајте и на образите. Доколку влакната почнат да растат на јагодичните коски, задолжително отстранете ги.rnrn
Бидете мазни
rnНа секого му се случило да се разбуди наутро и да сфати дека ова ќе биде лош ден за правење фризура, бидејќи косата изгледа ужасно. Истото може да се случи и со брадата. Постои еден трик кој лесно може да ги прикрие сите неправилности и нерамнини на брадата, а тоа е крема за лице. Намачкајте го убаво лицето, но не претерувајте.rnrn
Бидете меки
rnТоа што не се гледа не мора да значи дека не постои. До кожата под брадата можеби тешко се стигнува, но и понатаму треба да ја чистите и хидрирате кожата. Ова особено е важно доколку во брзо време сакате целосно да се избричите, па затоа редовно нанесувајте хидратантна крема, со што ќе ви се омекнува и влакното на брадата.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
