Премногу се навикнавме на Кијара Ферањи, Кристина Базан и сите останати преслаби модни блогерки. Време е за модно освежување со новиот бран „плус сајз“ блогерки кои успеаја да ги скршат бариерите на обичната мода и да покажат дека облините се убави. Во следнава листа ви ги издвојуваме седумте најубави „плус сајз“ блогерки.rn
1. Габи Грег
rnГаби Фреш е една од најпознатите модни блогерки со облини. Се има појавено во најпознатите списанија како „Тин Вог“, „Севентин“, „Космо“ и многу други. Нејзиниот Инстаграм профил е еден од најследените во светот. Нејзиниот стил варира од бохо шик до елегантен, но има некоја необична љубов кон костимите за капење.rnrn
rn
2. Николет Масон
rnОсвен што е сопственичка на еден од најпопуларните модни блогови, нејзината популарност се должи и на нејзината напорна работа во списанието „Мери Клер“. Нејзините бројни соработки со „Вог Италија“, „Refinery 29“ и „StyleCaster“ ја пробија на модната сцена. На Инстаграм објавува селфи фотки, фотографии од нејзината облека и местата коишто ги посетува. Голем љубител е на минимализам и пастелни бои.rnrn
rnrn
