КАФЕ ПАУЗА

Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дрон

Патувачкиот фотограф Алан Брутеник сака да ги користи неговите способности како пилот на дрон за да истражува разни градови ширум светот. Алан го минува своето време во Лондон и Прага, па не е ни чудно што направил лет околу главниот град на Чешка. Неговите неверојатни воздушни фотографии од Прага го покажуваат градот во најдоброто светло досега и без сомнение ќе ве натераат да се спакувате и веднаш да заминете.rnrn Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дронrnrnПрага е позната како градот на сто кули, и Алан навистина успеал да фати по една во секоја фотографија. Оние на кои им е позната Прага, веднаш ќе го препознаат плоштадот во Стариот град, домот на познатиот Астрономски часовник и градбите што ја покажуваат богатата историја на градот. Друга позната знаменитост е мостот Чарлс кој се протега над В’лтва и ги поврзува Замокот на прага и Стариот град.rnrn Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дронrnrnПравејќи ги фотографиите за време на изгрејсонце, фотографот успеал да долови огнено небо кое ги „пали“ црвените покриви на градот. За Алан овие уметнички избори се основа за доловување на духот на градот. Неговата мисија е да ги охрабри другите да патуваат повеќе и да го истражат светот.rnrn Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дронrnrnБез разлика дали ја истражува природата на Нов Зеланд или ја доловува историската архитектура на Фиренца, способноста на Алан да раскажува инспиративни приказни за неговите патувања го направила навистина влијателен. Уживајте во неверојатната Прага.rnrn Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дронrnrn Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дронrnrnПродолжува на следната страница…rnrn