КАФЕ ПАУЗА

Биди ми љубов

Биди ми љубов

Автор: Ирена Постоловаrn (поднесено преку „Предложи содржина“)rnБиди ми љубовБиди сонце на моите очи,rnтопи ми го срцето во студените ноќи.rnБиди месечина на моето небо,rnсвети му најсјајно на него.rnПлакни ми ја душата со секоја нова сончевина,rnисполни ми го денот со свежина.rnБиди моја вечна сенка, моја храна, сласт,rnподари ми најсилна љубов, искреност и страст.rnБиди со мене и кога ќе си заминеш,rnпрати ми бакнежи и прегратки по ветрот,rnи во недостигот, со мене ќе останеш.rnЧувај ме кога ќе ме прегрнува темнината,rnпосакај ми слатка и добра ноќ во тишината.rnДозволи ни, трепките – сонот, а јас тебе да те љубам,rnда те сонувам, и в зори од таа убавина да се разбудам.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.