Според најновите истражувања, луѓето кои произведуваат звуци во кревет имаат многу подобро сексуално искуство за разлика од оние кои го преферираат „немиот секс“. Освен тоа, мажите функционираат поинаку од жените, па не можете да очекувате во секој момент да знаат што ви треба. Наместо да ги терате да читаат измеѓу редови, употребете секси издишувања и шепотења за отворено да им ставите до знаење што ви годи и што ве возбудува.rnrn
rn
1. Шепот на желбите
rnКомуникацијата во спалната соба е всушност индикатор на квалитетот на општата комуникација помеѓу партнерите. Доколку во секојдневниот живот имате тешкотии да разговарате за проблемите кои ве мачат, тогаш веројатно нема да успеете да му се отворите ни во креветот. Сепак, имајте на ум дека тоа е вашиот партнер – не треба да се стегате и треба да му го кажете она што го мислите, а наједноставниот начин да го направите тоа е тивко да му шепнете на уво додека е во вас.rn
2. Тивки воздивнувања
rnСпоред стручњаците, дури и најтивкиот звук е подобар од потполна тишина. Зошто? Затоа што тоа е вид комуникација која дополнително ќе ве поврзе со партнерот. Во зависност од начинот на кој стенкате или воздивнувате, ќе му дадете до знаење што ви се допаѓа од неговите потези, а на што би требало да внимава.rn
3. Крик на задоволство
rnМожеби го погодил „она совршено место“, па потоа преминал на нешто што воопшто не е интересно. За да го вратите на вистинскиот пат, испуштете секси воздивнување со кое ќе му дадете до знаење дека тоа што всушност го направил е она што би требало да продолжи да го прави. Размислете како би вриснале кога би добиле на лотарија, па потоа преведете го тој „крик на радоста“ на јазикот на сексот.rn
4. Весело ‘ржење
rnКога чувствувате дека сте блиску до оргазам, помогнете му да го сфати тоа – најдобриот начин е преку слатко и заводливо ‘ржење. Испуштањето гласни звуци ќе ви помогне да се опуштите кога тоа ви е најпотребно, а него дополнително ќе го возбуди, па ќе се потруди да имате што е можно подобро финале. Епилог – обострано уживање.rn
5. Големо финале
rnАко звуците во сексот не ви се баш силна страна, тогаш на партнерот многу ќе му биде тешко да открие дали сте доживеале оргазам или не. Затоа, на голем број од мажите, воздивнувањата им се од голема помош кога станува збор за крајот, особено кога треба да извршат завршен притисок или да ве допрат токму онаму од каде што ќе покренат лавина на задоволство. Затоа, какви било зборови или воздивнувања се многу подобри од празна тишина.