КАФЕ ПАУЗА

Би го изложиле ли лицето на оган во име на убавината?

Би го изложиле ли лицето на оган во име на убавината?

Жените, а во денешно време сѐ повеќе и мажите, трпат доста болка само за да изгледаат поубаво, помладо и посекси со третмани со змии, отрови, инјекции… Но, дали постои некаква предупредувачка граница кај третманите за убавина? Очигледно, не постојат граници кога станува збор за разубавување, дури и кога тоа значи запалување на лицето со оган.Би го изложиле ли лицето на оган во име на убавината?Во Кина се појави нов третман за кожа, наречен „Huǒ liáo“, кој стана хит откако една млада девојка ја поставила снимката на Јутјуб со нејзината мајка, која била подложена на оваа козметичка постапка. Третманот поттикнува регенерација на кожата, за да би останала подолго млада и без брчки.rnrnЦелиот третман започнува со крпа натопена во алкохол, која се става на лицето и потоа се запалува. Тоа се одвива така што прво се подготвува специјалниот „таен еликсир“ и се натопува на пешкир. Со волшебниот пешкир се покрива делот што треба да биде третиран, потоа се полева со алкохол и се запалува. После неколку секунди, пламенот се гаси со ставање на друг пешкир врз запалениот. Видеото покажува дека некои луѓе си прават третман и на грбот. Веројатно оваа техника може да се употребува на сите делови од телото.Би го изложиле ли лицето на оган во име на убавината?„Третманот со оган“ се смета дека ја стимулира и затегнува кожата, ги намалува брчките и растегнатоста, а го подобрува и проблематичниот тен. Покрај тоа што разубавува, третманот ги релаксира и мускулите и прави да се чувствувате одлично. Локалните граѓани сметаат дека со овој третман може да излечат и несоница, главоболка и настинка, а козметичките салони го сметаат за безбеден, додека некои предупредуваат на неговата можна опасност.rnrnСалоните кои имаат ваков вид на третман потенцираат дека тоа е сосема сигурно и дека третманите ги прават експерти и жените не треба да се плашат дека нешто ќе тргне на лошо. Терапевтката Сузи Лонг, која се занимава со ваквите третмани објаснува дека кога работава ја работи трениран терапевт, кожата воопшто не гори, туку само се загрева, поради што процедурата е целосно безбедна.rn

rnТие кои поминале низ овој третман велат дека се чувствувале релаксирано. Не пробувајте го ова дома! Би отишле ли вие на ваков третман? :)rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.