Фустаните во бежови нијанси се можеби и најпопуларното парче облека кое секоја девојка го има. Во текот на последниве 10 години, бежовите фустани преминаа од тренд во класика и го задржаа своето место во женските плакари насекаде во светот. Но, иако се веќе класика, сепак тие може да претставуваат предизвик кога станува збор за нивно комбинирање.rnrn
rn
1. Одберете ја соодветната боја
rnМожеби најважното нешто кај бежовите фустани е погодувањето на точната нијанса која ќе соодветствува на бојата на вашата кожа.rnrnПостојат 3 категории за бојата на кожата на луѓето: светла, темна и неутрална.rnrnЗа да одредите во која категорија спаѓате, погледнете ги вените на внатрешната страна на раката, поточно оние кај зглобот. Ако вените изгледаат сино или виолетово, вие имате светла кожа. Кај оние со потемна нијанса, вените изгледаат зеленикаво, а кај неутралните потешко се одредува дали се сини или зеленикави.rnrnАко со ваквиот тест сѐ уште не можете да ја одредите бојата на кожата, консултирајте се со мејкап артист, кој дефинитивно го има одговорот на ова прашање.rnrnТие со светол тен изгледаат одлично во бледо син фустан со розово-бежова основа. Оние пак со потемен тен треба да се насочат кон пожолтеникави нијанси. А пак за оние среќнички со неутрален тен изборот е огромен.rnrnКога не сте сигурни дали фустанот ви прилега, пробајте го. Нема друг начин да проверите дали ви одговара бојата освен ако не го пробате.rnrn

rn
2. Задржете малку мистерија
rnАко сакате успешно да го носите ваквиот фустан треба точно да знаете кога да откриете, а кога да оставите малку на фантазијата.rnrnПо дефиниција, голиот (nude) фустан дава илузија дека сте голи. Сфатете го ова како предлог дека голотијата сама по себе е стилски детаљ, без разлика што сметате дека е соодветно деколтето, кратката должина на фустанот или отворениот грб.rnrnДури иако истиот фустан со истите елементи изгледа одлично во друга боја, голиот фустан наместо убаво може да изгледа многу кичесто. За да изгледате елегантно и софистицирано одберете фустан кој малку ја открива кожата. Ако има деколте, тогаш должината на фустанот нека биде под колениците. Ако е краток во должина нека биде покриен во горниот дел. Клучот е во балансот помеѓу елеганцијата и кичот.rnrn

rn
3. Користете аксесоари за стилски да ја оживеете комбинацијата
rnМодните ентузијасти често инспирацијата ја наоѓаат во боите и шарите на облеката. Иако е примамливо да се држите до лесни додатоци кога носите бежови фустани, всушност имате многу поголем избор кој воопшто не ве ограничува. Ваквиот фустан е како празно платно кое чека да биде украсено со додатоци.rnrnЗа женствен изглед едноставниот накит изгледа одлично. Но, тој и не е единствената опција. Ако носите беж фустан со женствени детали како набори или карнери одберете повпечатлив накит во црна боја, со кожни или метални акценти. Можеби токму тоа ви е потребно за да преминете од слатка девојка во секси заводница.rnrnСпојот на гол фустан со накит во јаки бои како црвена (видено на ревиите од Валентино) е одличен начин да се истакнете и на класиката да ѝ додадете модерна еклектика.rnrnИ бежовите нијанси исто така изгледаат одлично кога е во комплементарна боја со таа на фустанот така што се создава суптилен монохроматски колор-блок ефект.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.