Витамините од овошјето и слаткиот вкус на тортата се најдобра комбинација. Ви предлагаме тортичка во чаша која мошне лесно и брзо ќе ја подготвите како најдобар десерт после денешниот ручек. Овој рецепт е доказ дека не секогаш она што е вкусно бара многу енергија, време и специјални кулинарски способности.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 30 г брашно
- 50 г гранулиран шеќер
- ¼ кафена лажичка прашок за печиво
- Сосем малку цимет
- Сосем малку сол
- ½ презреана банана (изгмечена како пире)
- 1 лажица масло
- 1 лажица пире од јаболко
- 1 лажица јогурт разреден со млеко во однос 3:1
- 1 жолчка од јајце
- ¼ кафена лажичка екстракт од ванила
- 1 лажица сечкани ореви
- Парчиња банана
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо садот во кој ќе го сервирате десертот (одберете поширока стаклена чаша или шолја), измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, циметот и солта. Потоа додајте ги бананата, маслото, јаболковото пире, јогуртот, жолчката и екстрактот од ванила. Добро измешајте додека состојките не се соединат. Внимавајте брашното добро да се помеша со целата смеса и да не остане на дното од чашата.rnrnСадот ставете го во микропечка на повисока температура и почекајте околу 3 минути. За декорација поросете со сечканите ореви и додајте неколку тенки парчиња банана. Сервирајте додека е топло.rnrnКако предлог, откако ќе ја извадите од микропечка, тортичката може да ја полеете со млечен крем кој може да го приготвите на следниот начин: со виљушка измешајте 1 ½ лажица крем-сир и 4 лажици шеќер во прав.rn
Добар апетит!
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.