rn
Црн чај
rnЦрниот чај е одличен доколку се справувате со стресни ситуации. Истражувањата покажале дека луѓето кои пијат 4 шолји црн чај неделно се поимуни на стрес.rn
Ф’стаци
rnФ’стаците, како и другите јаткасти плодови, се одличен извор на масти. Само една дланка ф’стаци, ореви или бадеми дневно може да ви го намали холестеролот, шеќерот во крвта и да го заштити телото од последиците од стресот.rn
Авокадо
rnАвокадото е богато со калиум кој го намалува крвниот притисок. Доколку сакате да се ослободите од масните наслаги на стомакот, внесете го авокадото во секојдневната исхрана.rn
Сиров зеленчук
rnСировиот зеленчук го намалува стресот на механички начин. Грицкањето зеленчук опушта и ја намалува напнатоста. Покрај тоа, зеленчукот е богат со хранливи влакна, а ова е одлично за дигестивниот систем и за слабеење.rn
Вежбање
rnПокрај промените во начинот на исхрана, еден од најдобрите начини да го намалите стресот е со забрзување на метаболизмот со редовна физичка активност. Се препорачува да вежбате 30 минути, 3-4 пати неделно.

