Откако паузираше една година поради тоа што стана мајка, ангелот на „Victoria’s Secret“ Миранда Кер е повторно на сцената за да го презентира најновиот скапоцен градник кој ќе чини неверојатни 2,5 милиони американски долари. Таа ќе го носи градникот за време на ноемвриското шоу на ангелите како и за Божиќниот каталог.
Градникот е изработен во соработка со „London Jewelers“, а на него се истакнати 3.400 скапоцени камења, жолти и бели дијаманти, бисери, бело и жолто злато и аквамарини. 
Покрај Миранда, на шоуто кое ќе се одржи во ноември ќе учествуваат и Адријана Лима, Алесандра Амброзио, Линдзи Елингсон, Лили Олдриџ, Ерин Хитертон и други модели. 


rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ангелот Миранда Кер ќе презентира градник вреден 2,5 милиони американски долари
