Сите ние по жестоката караница со партнерот додека сè уште размислуваме со вжештена глава, се чувствуваме доволно силни за да кренеме раце од сè и да ја прекинеме врската. Но, веќе наредниот ден се утепуваме од плачење, прелистувајќи ги старите фотографии по 100 пати и пишувајќи толку многу трогателни текстови, што слободно можеме да издадеме роман.rnrnАко сте лути сами на себе што не знаете како да ги контролирате емоциите и што се однесувате како „лудаци“, тоа е сосема нормално. Не сте луди, туку сте едноставно обични луѓе. Нормално е постојано да се премислувате и да не знаете како да постапите. Дури и откако сте прекинале со некој кој направил нешто непростливо и знаете дека ако му дадете втора шанса ќе згрешите, неодлучноста е сепак присутна.rnrn
rnrnБез оглед на околностите, вие ќе сакате да се сеќавате на убавите моменти и којзнае по кој пат ќе се прашувате „Зошто токму мене ми се случува ова?“. Запаметете дека тоа што сакате работите да се вратат по старо е сосема нормално и тоа е во ред. Големи се шансите дека личноста со која сте биле сè уште претставува важен дел од вашиот живот. Се работи за некој кој никогаш не сте помислиле дека би можел да ве повреди, или, пак, вие да го повредите. Но, работите се менуваат.rnrnИ покрај тоа што ви недостасува блискоста што сте ја имале, тоа не значи дека треба да бидете пак заедно. Раскинувањата не се само донесени одлуки по кои лесно се продолжува понатаму, иако некои луѓе мислат дека така би требало да биде. Потребно е време за да заздравите и ќе поминете низ многу препреки за да стигнете до таму.rnrn
rnrnАко се решите дека сепак сакате да го преземете тој чекор и дефинитивно да прекинете, размислете што ве довело до оваа помисла. Што направил? Што сте направиле вие? Како реагирал партнерот кога сте му навестиле дека се гледа крајот на вашата врска?rnrnВообичаено, раскинувањата се случуваат затоа што еден од партнерите престанал да се труди. Ако сега тој тврди дека знае каде згрешил и дека ве сака, мора да се потсетите дека ако тој навистина ве сакал онака како што заслужувате да бидете сакани, тогаш воопшто не би ризикувал да ве изгуби.rnrnСекако дека човечки е да се згреши и сигурно знаете да дадете заслужена втора шанса. Но, ако станува збор за нешто што постојано се случува, време е да почнете да ги слушате нивните дела, а не нивните зборови.rnrn
rnrnСепак решивте да ја оставите врската зад себе и да продолжите понатаму. Немојте да паѓате на нивните зборови. Сега ќе чуете сè што отсекогаш сте посакувале да ви кажат. Но, ако тие се чувствувале така цело време, зошто не го кажале тоа порано? Ако навистина ве сакале, зошто не се однесувале како што треба уште на почетокот?rnrnСамо вие самите знаете што е најдобро за вас и каков е навистина вашиот поранешен партнер. Немојте да давате втора шанса поради погрешни причини. Дадете ја втората шанса само ако сметате дека тие навистина ја заслужуваат, а не затоа што се чувствувате осамено и тажно.
Ако некој ве сака, нема да ризикува да ве изгуби
