Доколку не сте запознаени со овој вид уметност, тој претставува проектирање видео снимки на површини на градби со цел да се создаде 3Д ефект. Ова е релативно нова гранка во уметноста којашто се прослави навистина брзо. Денес овие проекции се дел од речиси сите музички фестивали, лансирања на продукти и шоуа. Убавината на оваа уметност е во тоа што реалните предмети стануваат екран, а за тоа воопшто не е потребна рамна површина. Во продолжение погледнете некои од најдобрите проекции од овој вид.rn
1. Borderless од TeamLаb
rnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=24&v=UYFWjUj4RPQ
Оваа креација претставува магичен „свет од соништата“ во Музејот за дигитална уметност од Токио и е создадена од група јапонски уметници. Идејата зад проекцијата е да се спојат разни концепти и сцени со цел да се создаде „свет без граници“. Инсталацијата оживува со помош на 520 компјутери и 570 проектори, на површина од 10.000 метри квадратни.rn
2. Terraform Table од Tellart
rnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=27&v=Yin4-EVcR34
Оваа интерактивна светлинска инсталација е всушност кутија со песок која е трансформирана во топографска мапа со планини, долини и езера. Масата е програмирана да ја исчитува висината на песокот и да одговара на секоја промена. Овде инсталацијата станува интерактивна – ако на пример ископате дупка во песокот, тој ќе се претвори во езеро. Инспирацијата за проектот потекнала од прашањето: „Дали треба да ја оформиме Земјата и другите планети за човечка употреба?“rn
3. Bloom од 59 Productions
rnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=223&v=ElcfOIPrdHg
Овој проект бил дел од Интернационалниот фестивал во Единбург во 2017-та година, кога се прославувала неговата 70-та годишнина. Светлосното шоу го трансформира целиот плоштад во магична ноќна градина.rn
4. Splash Dunk од Klip Collective
rnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=72&v=K5E6-gP-Dtc
Од компанијата Најк употребиле вода како површина за проектирање за нивната промоција.rn
5. Tron Amazes од QED Productions
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=CC8lbIOffcw
И овде станува збор за промоција, но овој пат за филмот „Трон: Наследство“ (Tron: Legacy). Овде е прикажан научно фантастичен пејзаж кој е проектиран на три површини и создава опкружување што наликува на лавиринт.rn
6. Interconnection од Limelight
rn
Овде Парламентот во Букурешт, Романија е претворен е „психотропна поврзаност на сите нешта“. Инспирацијата зад оваа волшебна авантура се модерна уметност и архитектура, светата геометрија, физиката и хемијата.rn
7. Box од Bot & Dolly и GMUNK
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=lX6JcybgDFo
Овој проект е краток филм, и тоа прв од овој вид. Во инсталацијата се комбинира перформанс во живо со 3Д проектирање изведено од страна на роботи. Како што можете да забележите, направен е без специјални ефекти.
Продолжува на следната страница…

