Постојат ретки квалитет кои во последно време многу е тешко да се најдат во мажите. Но, тоа не значи дека е целосно невозможно. Можеби ќе ви биде потребно повеќе време да ги најдете, но кога ќе го направите тоа, погрижете се да ги задржите покрај себе, бидејќи тие навистина вредат.rnrn
rn
1. Мажот кој не е плиток
rnОвој маж бара многу повеќе од добар изглед. Тој ја забележува длабочината на жената, нејзината основа, како и сите делови од нејзиниот карактер. Секако, важно е физички да ве привлече одредена личност, но мажот кој не е плиток нема да ве заборави во истиот момент кога ќе налета на друга прекрасна девојка.rn
2. Мажот кој е директен
rnОвој маж е навистина редок. Тој е директен, па доколку му се допаѓате тоа веднаш ќе ви го признае. Исто така, ако веќе нема чувства кон вас, тој нема да го троши вашето време залудно и искрено ќе ви ја каже вистината. Директниот маж има силен карактер, висока самодоверба и ја цени искреноста повеќе од сè останато.rn
3. Мажот кој стои на својот збор
rnДоколку тој нешто ви вети, тогаш со сигурност и ќе го исполни истото. Жените многу лесно можат да забележат дали одреден маж го поседува или не овој квалитет. Доколку нема поврзаност помеѓу неговите зборови и неговите дела, тогаш тој не е за вас. Но, ако забележите дека тој ги прави дури и оние најситни нешта кои ви кажал дека ќе ги направи, тогаш со сигурност можете да знаете дека тој ќе го прави истото и за оние големите нешта кои се од големо значење за вашата врска.rn
4. Мажот кој отворено ви го понудува своето срце
rnОвој маж не се плаши од одбивање. Дури и да постои ризик од искреното изјавување на неговите емоции кон вас, тој едноставно не се грижи бидејќи неговото срце е како отворена книга. Овој вид мажи нема да си играат игри со вас, или пак, да ве игнорираат со цел да го привлечат вашето внимание. Тие, исто како и мажите кои се директни, искрено ќе го изговорат секое нивно чувство кон вас.rn
5. Мажот кој ве гледа вистински
rnОвој маж секогаш ќе биде присутен во ваша близина. Тој внимателно ве набљудува, обидувајќи се да ве запознае во целост и активно учествува во вашите разговори. Тој секогаш ве слуша и ги цени сите оние нешта кои ве прават посебни во неговите очи. Овие мажи многу лесно ги забележуваат дури и најмалите ситници кои ве одделуваат од другите жени, нешта кои никој друг претходно не ги забележал. Неговата способност да ве види во вистинското светло е нешто што секоја жена би требало да знае како да го цени.