7 правила со кои полесно ќе го преживеете пеколно топлото лето

Сподели

Живата во термометарот опасно се качува над 35 Целзиусови степени на сонце што за многумина тоа предизвикува проблеми во извршувањето на секојдневните активности. Се потиме, исцрпени сме и раздразнети. Еве што треба да направите за да ги „преживеете“ големите жештини без оглед на тоа каде се наоѓате.

Реклама

rn

1. Избегнувајте го директното сонце

rnБез оглед на тоа дали се наоѓате на море или во град избегнувајте го директното сонце, особено во периодот од 11 до 15 часот кога ултравиолетовите зрачења се најјаки. Доколку морате да излезете потрудете се телото и главата да ги заштитите со соодветна облека и шешир.rn

2. Заштита од сонцето

rnСите изложени делови од кожата намачкајте ги со крема за сончање со минимален заштитен фактор 15. Не заборавајте да ги намачкате ушите, задниот дел од вратот и капаците, кои се една од најчестите грешки кои ги правиме додека се изложуваме на сонце.rn

3. Заштитете ги очите

rnУлтравиолетовите зраци може негативно да делуваат врз нашите очи, па затоа е важно да го заштитиме овој дел од телото. Истражувањата покажале дека негативните последици од силното сонце можете да ги избегнете доколку носите очила за сонце со вградени филтри против УВ зрачењето. Избирајте модели на очила кои покриваат добар дел околу очите и кои спречуваат продирање на сончевите зраци од страните.rn

4. Пијте доволно течности

rnПросечна личност во текот на денот треба да испие 8 чаши обична вода, а кога е изложена на високи температури, оваа количина треба многу да се зголеми со цел да остане соодветно хидратизирана. Секогаш при рака имајте шише со некоја напивка, а најдобро ќе ве разлади обичната вода.

rn

5. Немојте премногу да се напрегнувате

rnВежбањето на високи температури дополнително ја зголемува температурата на телото со што се зголемува потењето и дехидрацијата на телото. Заради тоа може да дојде до грчење на мускулите, тромост и исцрпеност, а во потешки случаи и до топлотен удар. Ограничете ја количината на активностите со кои ќе се занимавате во текот на денот, а избегнувајте ја и најобичната прошетка во најтоплите часови.rn

6. Замрачете го домот

rnСпречете ја топлината да навлезе во вашиот дом, особено ако добар дел од домот е свртен кон југ. Најдобро е да навлечете завеси на прозорците, да ги изгасите сите светилки во домот и да ги исклучите сите домашни апарати кои генерираат топлина.rn

7. Не претерувајте со уредите за ладење

rnДоколку имате потреба да го разладите домот со вентилатор или клима уред, секогаш внимавајте разликата во температурите помеѓу разладената просторија и надворешната температура да не преминува над 7 степени за да не го доведете вашето тело до температурен шок.

Популарно

Може ќе ве интересира