Доколку ви се најават неочекувани гости, а немате доволно време, ова е рецептот за вас. Станува збор за сочна, освежителна и вкусна торта која може да се направи со секое овошје. Готова е за само 15 минути!rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 500 грама слатка павлака
- 400 грама кисела павлака
- 130-150 грама шеќер во прав или друг засладувач
- 400 грама мелени бисквити (по избор)
- 100 грама кокосово брашно
- 400 грама замрзнати бобинки (шумско овошје, јагоди или капини…)
- шлаг за декорација (по избор)
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Прво изматете 500 милилитри слатка павлака. Во друг сад ставете 400 грама павлака, додадете 130 грама шеќер во прав и кратко измешајте со миксер. Потоа, додадете ја киселата павлака во садот со слатката павлака, измешајте и префрлете во поголем сад.rnrn2. Додадете 100 грама кокос. Доколку не ви се допаѓа кокосот, можете да ја зголемите количината на мелените бисквити за 100 грама.rnrn3. Додадете 400 грама мелени бисквити и 400 грама замрзнати малини или замрзнато овошје и измешајте.rnrn4. Префрлете ја смесата во калапот и покријте со проѕирна фолија.rnrn5. Ставете ја тортата во фрижидер или замрзнувач, а по еден час извадете ја тортата и декорирајте со шлаг. Одозгора можете да посипете малку кокос или рендано чоколадо, чоколадни трошки или капки. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за торта со боровинки и чоколадо.rnrnИзвор: atma.hr
