За почеток, едно кратко предупредување: Ако денес се чувствувате малку чувствително или емоционално, погрижете се да имате марамчиња во близина, бидејќи можно е ова да ве расплаче.
Запознајте го Дерек Тејлор. Тој е 90-годишен старец од Манчестер, Англија и од неодамна поминува низ многу тежок период. Дерек за краток временски период ги загубил и својата сопруга и својата сестра, одеднаш станувајќи многу осамен. Тој вели:rn
„Како што стареете, сè помалку луѓе ве контактираат и токму затоа си помислив што би можел да сторам за да престанам да се чувствувам толку осамено.“
rnИ токму тогаш имал бура од идеа. Тој решил да напише листа со совети со чија помош ќе се обиде да се избори со осаменоста, а потоа почнал истите детално да ги следи. И покрај тоа што оваа листа можеби изгледа едноставна, сепак за постарите луѓе како Дерек, советите можат да им го спасат животот. Тие вклучуваат идеи за започнување хоби, посета на локален општествен центар или пак, учење да се користи компјутер.
Тој исто така пишувал и за правење нови пријателства со соседите, воспоставување нов контакт со оние на кои одамна им се загубила трагата, како и размислување за волонтирање. Тој додава:rn
„Некои од советите беа да го користам телефонот почесто, да се зближам со соседите, да се обидам да се социјализирам и да запознам што е можно повеќе нови луѓе.“
rn[message_box title=”” color=”yellow”]
Одвреме-навреме сите ние можеме да се почувствуваме осамено. Токму затоа би сакал да ги споделам моите топ 10 совети што ми помогнаа да се чувствувам помалку осамено:rn
- rn011
- Вложете труд да запознаете нови пријатели.
- Придружете се на клуб со хобија.
- Посетете ја локалната заедница или центарот за ресурси за да откриете што нудат.
- Научете како да користите компјутер во вашата локална библиотека.
- Побарајте помош од локалните социјални сервиси.
- Размислете за земање потстанар или гостин што ќе ви плаќа кирија.
- Почесто користете го телефонот за контакт со луѓето, не чекајте тие да ве бараат вам.
- Контактирајте ги пријателите и роднините со кои одамна не сте зборувале.
- Спријателете се со вашите соседи.
- Ако сте способни, волонтирајте некаде.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn[/message_box]
Сите овие совети одлично функционирале за Дерек, бидејќи тој почнал да оди на кафе-собири и градинарство, што му овозможило многу нови пријатели и чувство на обновена цел во животот. Дерек најубаво го објаснува тоа што го чувствува:rn
„Почнувате да чувствувате како повторно да сте живи.“
rnИ не само тоа, туку и други постари луѓе ќе можат да имаат придобивки од неговите совети. Тој ја споделил оваа листа со градскиот совет на Манчестер, по што тие одлучиле да ги вклучат во еден вид памфлет за поддршка на постарите луѓе во околината.
Одлично сработено, Дерек! Очекуваме уште многу совети од тебе.

