Доколку чувате домашен миленик, сигурно не можете да си го замислите животот без него. Но, понекогаш се случуваат непредвидени работи кои нѐ принудуваат да се соочиме со нашиот најголем страв, а тоа е загубата на нашите сакани. Едно 6-годишно момче прерано морало да помине низ сето ова и да ја прифати смртта на неговото куче, но и покрај годините неговата мудрост и храброст ќе ве остави зборови. Во продолжение прочитајте ја неговата приказна…rnrn
rnrnЕден ветеринар бил повикан да прегледа 10-годишен стар ирски волчјак по име Белкер. Неговите сопственици Рон, сопругата Лиза и нивниот син Шејн биле многу приврзани за Белкер и се надевале на чудо. Ветеринарот го прегледал Белкер и открил дека боледува од рак. Му кажал на семејството дека не може ништо да направи и дека најдобро би било на кучето да му се изврши евтаназија за да не се мачи. Рон и Лиза му кажале на ветеринарот дека би сакале и 6-годишниот Шејн да ја набљудува целата постапка, бидејќи сметале дека би можел многу да научи од тоа искуство.rnrnСледниот ден кога требало да се направи тоа, семејството се собрало околу Белкер, а Шејн бил необично мирен и покрај тоа што го галел неговото куче за последен пат. Ветеринарот се запрашал дали детето воопшто знаело што се случува. За неколку минути, Белкер мирно починал.rnrnМомчето го прифатило заминувањето на Белкер без никаква збунетост и потешкотии. Возрасните седеле заедно некое време по смртта на кучето и на глас го коментирале тажниот факт дека кучешкиот живот е пократок од човечкиот. Шејн кој внимателно слушал, одеднаш кажал:rnrn„Јас знам зошто.“rnrn
rnrnСите се свртеле кон него. Зборовите што излегле од неговата уста ги оставиле вчудовидени. Малото момче мирно објаснило:rnrn„Луѓето се раѓаат за да научат како да водат добар живот, постојано да се сакаат и да бидат добри, нели? Кучињата знаат како да го направат тоа, па затоа не мора останат толку долго на светот.“rnrnОвие зборови кријат голема вистина во себе. Кога кучињата би биле учители, веројатно сите ние би живееле по следниве правила…rn
- rn011
- Кога саканите ќе се вратат дома, секогаш потрчајте за да ги поздравите.
- Никогаш не пропуштајте можност за забава и дружење.
- Целосно уживајте во свежиот воздух и ветрето на лицето.
- Дремнете малку во текот на денот.
- Истегнете се пред да станете.
- Трчајте и играјте си секој ден.
- Барајте внимание и дозволете им на луѓето да ве допрат.
- Немојте да гризете кога е доволно само да залаете.
- Во топлите денови не заборавајте да се испружите на трева.
- Во топлите денови пијте многу вода и легнете под дебелата сенка на високото дрво.
- Кога сте среќни, танцувајте и движете се со целото тело.
- Уживајте во едноставната радост на долгите прошетки.
- Бидете верни.
- Никогаш не се преправајте во нешто што не сте.
- Ако она што го сакате е закопано, копајте додека не го пронајдете.
- Кога некој има лош ден, бидете тивки, седнете во нивна близина и нежно подарете им љубов.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnВо животот ќе дојде време кога ќе сакате да се оддалечите од сета драма, но и од луѓето што ја предизвикуваат. Опкружете се со личности кои ве смеат и кои ви помагаат да се фокусирате на позитивнта страна на животот. Не заборавајте дека треба да живеете едноставно, да сакате великодушно, да се грижите искрено и да говорите љубезно.rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за животниот век на кучињата, прочитајте кои се 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго.