Негативната енергија носи нерасположение што ве погодува вас, но и оние околу вас. Кога ќе препознаете дека ве следи негативна енергија, можете да настојувате да барате начини како да го подобрите расположението и да си го вратите позитивното расположение. Пред сѐ, потребно е да се фокусирате на позитивните работи околу вас, оние што ви носат среќа и ве прават продуктивни. Треба да знаете дека вашето расположение е заразно и за блиските, па доколку ширите среќа, можете да направите и другите да се чувствуваат убаво, а и обратно. Секако, кога имате насобрано негативна енергија тоа може да се одрази лошо и на вашето здравје. Погледнете ги овие знаци што ќе ви помогнат да идентификувате дали имате негативна енергија и како да се ослободите од неа.
rn
1. Ја гледате лошата енергија во другите
rnДоколку ја согледувате негативната енергија во другите, тогаш најверојатно и вие сте опкружени со неа. Па, според ова, потребно е да се преиспитате себеси и да го промените својот став. Бидете искрени и признајте си доколку сфатите дека вие сте изворот на негативната енергија.rn
2. Работите доцна навечер
rnПо долгиот и напорен работен ден, кога ќе си отидете дома, вие сѐ уште може да се чувствувате под стрес и да однесете дел од обврските и дома. Ова ве исцрпува, како ментално, така и физички. Затоа, настојувајте да ја избегнувате оваа навика, а доколку тоа е неопходно, трудете се да биде што поретко и направете си пријатна домашна атмосфера за работење.rn
3. Не ви одговара просторот на живеење
rnКога околу себе имате личности со чии навики не се согласувате, тоа може да ве направи нервозни и негативни. Без разлика дали живеете со вашето семејство, партнер или пријател, вие може да имате различни навики и планови, при што ќе доведат до одредени конфликти. Затоа, препорачливо е да зборувате со нив и да дојдете до заедничко решение.rn
4. Се споредувате со другите
rnНаместо да се обидувате да ги стигнете другите и постојано да сте во натпревар со нив, ценете се онакви какви што сте. Прифаќањето себе е клучно доколку сакате да имате одреден успех.rn
5. Вашиот дневен распоред е пренатрупен
rnКога имате премногу активности што треба да ги извршите во еден ден, вие ќе трчате од едно на друго место, притоа полнејќи се со негативна енергија. Притисокот и стресот нема да ви донесат ништо позитивно, затоа, осигурете се дека ќе си зададете онолку обврски колку што сметате дека би можеле да извршите.
rn
6. Депресивни сте
rnАко сте забележале депресивни симптоми, тоа е очигледен сигнал за негативна енергија. Депресијата ве спречува да бидете среќни и мотивирани. Доколку сметате дека сте депресивна личност, подобро е да побарате стручна помош.rn
7. Премногу сте емотивни
rnАко себеси се гледате како премногу емоционална личност, голема е веројатноста поголемиот дел од времето да бидете опкружени со негативна енергија. Обидете се да сфатите кои емоции се важни и променете нешто во вашиот живот.rn
8. Поминувате премногу време на социјалните мрежи
rnТрошењето премногу време на социјалните мрежи може да му наштети на вашето здравје и да предизвика најразлични негативни емоции кај вас, како што е анксиозност, љубомора и слично. Па, ограничете го времето коешто го поминувате на социјалните мрежи и ќе забележите поголема позитивна енергија.rn
9. Негативно зборувате за себе
rnКажувајќи си себеси дека не можете нешто да постигнете или дека не сте соодветни за некоја работа, е голем извор на негативна енергија. Позитивниот став и оптимизам може да ви помогнат да се ослободите од токсичната енергија и во својот живот да внесете повеќе позитивност и ентузијазам.

