КАФЕ ПАУЗА

Научниците потврдија: Вашето куче дефинитивно разбира што му зборувате

Најчесто, кога им се обраќаме на нашите кучиња, го користиме оној тон кој го употребуваме и кога зборуваме со бебиња. Тоа речиси секогаш предизвикува радост кај нашите миленичиња, која не ја кријат од нас.rnrn(1) Научниците потврдија: Вашето куче дефинитивно разбира што му зборуватеrnrnРезултатите од една студија посветена на кучињата и тонот со којшто им се обраќаме, покажуваат дека нашите миленици разбираат многу повеќе отколку што мислиме.rnrnСпоред истражувањето спроведено на Универзитетот Еотвос во Будимпешта, кучињата можат да ги распознаат речникот и интонацијата на човечкиот говор. Тоа значи дека тие имаат способност да го оценат она што сте им го кажале врз основа на зборовите што ги користите и начинот на кој што ги кажувате. Студијата укажува на тоа дека кучињата, како и луѓето, ги користат двете страни од мозокот за да го разберат речникот и тонот, а потоа ги комбинираат информациите и извлекуваат заклучок за значењето на тоа што сте им го кажале.rnrnПоради тоа не изненадува податокот дека кучињата реагираат најдобро кога им се обраќате со премногу позитивен тон, додека истовремено имаат способност да ги препознаат негативните зборови, прекриени со лажен позитивен тон.rnrnЗатоа следниот пат кога ќе му се обратите на вашето куче потрудете се тоа да биде искрено, затоа што не можете да ги измамите овие интелигентни суштества.