Тешко е да не се возврати на ист начин кога некој ќе почне да ве навредува. Меѓутоа, доколку успеете да одолеете на природниот инстинкт кој ви налага да заземете одбранбен став и ако одговорите на непристојните прашања и коментари без да изгубите самоконтрола, ќе се изненадите од она што следува. Ова се 9-те реченици кои ќе ви помогнат да се справите со некултурните луѓе…rnrn
rn
1. „Благодарам“
rnОбичното „Благодарам“ прави чуда. Ако одговорите на нечија нељубезност со тоа што кажете „Благодарам“, ќе ѝ покажете на личноста дека не сте лути. Неучтивоста и лутината се знаци на незрел човек. Вашиот културен одговор означува дека сте ја препознале туѓата некултура и не дозволувате да влијае на вас.rn
2. „Го ценам твоето мислење“
rnОваа реченица покажува дека сакате да го продолжите разговорот доколку другата личност покаже почит и разбирање кон вашите чувства. Ако ова не ви успее и човекот продолжи со неговото некултурно однесување, обидете се со следната реченица.rn
3. „Мислам дека сега треба да го прекинеме разговорот“
rnАко почувствувате дека ќе избувнете и ќе почнете караница, најдобро е да го прекинете разговорот. На овој начин нема да жалите подоцна поради она што сте го кажале во афект. Освен тоа, вашот соговорник добро ќе размисли пред да каже нешто навредливо нареден пат.rn
4. „Зошто ми го кажуваш ова? Што сакаш да постигнеш?“
rnОвие прашања се многу ефективни во групни разговори кога некој се обидува да ве стави во непријатна ситуација и да ве изнервира. Ако некултурната личност добие смирен и самоуверен одговор од вас, ќе се збуни и ќе добие шанса да се покае за стореното. Благодарение на оваа реченица, ќе успеете да претворите многу разговори во возрасни дискусии кои се занимаваат со контроверзни теми.rn
5. „Твоите зборови ми ги повредија чувствата“
rnОбјаснете му на соговорникот зошто не ви се допаднале неговите зборови и зошто ги повредиле вашите чувства. На тој начин, ќе се заштитите себеси од суровите и несоодветните идни коментари.rnrn
rn
6. „Во право си“
rnНа многумина им е тешко да го прифатат туѓото мислење. Но, ако сметате дека има вистина во она што го кажал вашиот соговорник, кажете го тоа гласно. На тој начин, ќе го скратите разговорот и ќе го спречите неговиот развој во караница.rn
7. „Постојано имаш нешто негативно да кажеш. Сакаш да се однесуваш некултурно?“
rnЧестопати, неучтивите луѓе не се свесни дека кажале нешто непријатно. Кога ќе го покажете вашето незадоволство од туѓото некултурно однесување, ќе го поттикнете човекот да размисли што ќе каже пред да проговори во иднина.rn
8. „Те сакам“
rnОваа реченица може да се примени само во одредени ситуации кога вашите сакани не се расположени и решиле да се истурат на вас. Потсетете ги вашите најблиски колку ги сакате. Ќе се изненадите од тоа колку брзо ќе го променат нивниот негативен став и вашиот разговор веднаш ќе стане попозитивен.rn
9. Насмејте се
rnИскрената насмевка како одговор на нечија некултура дефинитивно ќе му го покаже местото на навредувачот. Некултурните луѓе никогаш не можат да ја предвидат ваквата реакција. Во најлош можен случај, напаѓачот ќе се повлече. Во најдобар, пак, ќе ја разбере апсурдноста на неговото однесување и ќе ви се извини.rnrnПрочитајте и за знаењето и мудроста на Буда кои ќе ви помогнат да постапите правилно кога некој ќе ве навреди.