rn
6. Валкани садови потопени во вода
rn
rnrnОставањето садови во мијалникот за наредното утро, е лоша навика. Ако користите машина за садови, не ги мијте претходно со раце. Уште еден совет: Секогаш е подобро да ги измиете садовите веднаш по оброкот.rn
7. Кафемат
rn
rnrnВашиот кафемат е жариште за бактерии и мувла, па затоа треба да практикувате секојдневно да го чистите. За ова, ќе треба да ги извадите сите делови на кафематот, за темелно да го исчистите.rn
8. Штица за сечење
rn
rnrnАко користите штица за сечење направена од дрво, потопете ја во мешавина од оцет и вода (1:1) и оставете ја да постои неколку минути откако ќе завршите со користењето. Овој трик ќе ви помогне да ги уништите бактериите и габите од нејзината површина. Всушност, секоја површина на којашто се сече, треба редовно да биде чистена. За таа цел измешајте 1 мала лажичка сода бикарбона во половина литар топла вода, па нанесете на површината. Оставете ја да отстои така од 5 до 10 минути, а потоа исплакнете со млаз вода.rn
9. Четки и сунѓери за шминкање
rn
rnrnАко користите иста четка за шминкање подолго време, преку неа лесно можете да пренесете многу видови бактерии на вашето лице. Затоа е многу важно да ги чистите вашите алатки за шминкање со топла вода по секоја нивна употреба.
