КАФЕ ПАУЗА

9 природни начини за намалување на високиот крвен притисок

Луѓето кои боледуваат од хипертензија имаат поголем ризик да заболат од артериосклероза, болести на срцето и мозочен удар. Кога ќе се дијагностицира висок крвен притисок, постојат лекови со кој тој се регулира, но доколку се придржувате до наведените совети превентивно и на природен начин ќе можете да го доведете вашиот крвен притисок до нормала.rnrn1-9-prirodni-nachini-so-koi-kje-go-namalite-visokiot-krven-pritisok-www.kafepauza.mk_rn

1. Ослабете

rnНеколку килограми повеќе не ги оптоваруваат само мускулите, туку и срцето, односно тие водат до вкочанетост на крвните жили. Губењето на килограми значајно може да го редуцира крвниот притисок.rn

2. Движете се

rnИсклучете го телевизорот и компјутерот и застанете на нозе. Аеробик, прошетки, танцување и пливање можат и тоа како да помогнат во намалување на телесната тежина, па и на крвниот притисок.rn

3. Наспијте се

rnПовеќе од 50% од луѓето кои боледуваат од синдромот апнеа (краток премин на дишењето во текот на сонот), патат и од хипертензија. Туширањето со врела вода и вдишување на пареата помага при отворање на синусите и го олеснува дишењето, со што се подобрува квалитетот на сонот, но и крвниот притисок.rnrn2-9-prirodni-nachini-so-koi-kje-go-namalite-visokiot-krven-pritisok-www.kafepauza.mk_rn

4. Намалете го внесувањето на алкохол

rnЛичностите кои дневно консумираат повеќе од два алкохолни пијалаци имаат двојно поголема шанса за добивање хипертензија од оние кои воопшто не консумираат алкохол. Оние кои се умерени во алкохолот имаат помали шанси да заболат од оваа болест.rn

5. Кажете му „НЕ“ на никотинот

rnПушењето го подига крвниот притисок и го забрзува пумпањето на срцето, заради кое артериите патат, односно тие се помалку флексибилни.rn

6. Редовно консумирајте кафе

rnКофеинот може да ги зголеми „горниот“ крвен притисок кај луѓето кои не консумираат кафе редовно, но и да го прошират растот на крвниот притисок предизвикан од стрес. Занимливо е тоа што кај личностите кои редовно консумираат кафе не се забележани овие симптоми. Всушност, дури ни 6 шолји кафе или црн чај дневно не го зголемуваат ризикот за покачен крвен притисок.rnrn3-9-prirodni-nachini-so-koi-kje-go-namalite-visokiot-krven-pritisok-www.kafepauza.mk_rn

7. Подобрете ја исхраната

rnИзбегнувајте ја брзата храна и намалете ја количината што ја консумирате. Ова е еден од најдобрите начини природно да го намалите крвниот притисок. Овошјето и зеленчукот содржат флавоноиди кои значително го намалуваат и систоличкиот (голем) и дијастоличкиот (мал) крвен притисок.rn

8. Исфрлете ја солта

rnНамалувањето на натриумот, односно кујнската сол, исклучително е поврзано со намалување на крвниот притисок.rn

9. Оттргнете се од стресот

rnСоочен со стресот, нашиот нервен систем излачува адреналин кој е поврзан со стеснување на крвните жили и зголемување на крвниот притисок и работата на срцето. Затоа, доколку сте во можност, избегнувајте ги стресните ситуации.rnrn4-9-prirodni-nachini-so-koi-kje-go-namalite-visokiot-krven-pritisok-www.kafepauza.mk_