КАФЕ ПАУЗА

9 нешта што треба да ги направите сами пред да завршите факултет

9 нешта што треба да ги направите пред да завршите факултет

Written by

in

,

Можеби едвај чекате да ја добиете вашата диплома и да зачекорите во светот на возрасните, но прво треба да се подготвите за тоа. Досега можеби сте откриле нови активности, нови хобија и пријатели. Сега е време да ја откриете вашата страст и насоката во која сакате да се движи вашата кариера. Одвојте малку време за себе и обидете се да ги направите овие нешта пред да дипломирате.rnrn9 нешта што треба да ги направите пред да завршите факултетrn

1. Добро запознајте го градот во којшто студирате

rnМожеби веќе некое време живеете во овој град, но не го знаете доволно добро. Најголемиот дел од времето ви поминал на предавања, во читални и во дружење со колегите. Сега е време да станете турист во вашиот град и да истражите сè. Никогаш не знаете што можете да откриете.rn

2. Најдете ново омилено место што ве инспирира

rnНавистина е тешко кога вашата креативност ќе ве напушти. Можеби имате цел проект за правење, но едноставно не знаете од каде да почнете. Во овие моменти,потребна ви е инспирација. Па, најдете некое место во градот кое можете да го наречете само ваше. Ова место треба да ве инспирира и да ве мотивира да ги завршите обврските.rn

3. Откријте ја вашата вистинска страст

rnКонечно најдете го хобито што навистина ќе го сакате. Зошто да не пробате да играте одбојка или нешто слично? Никогаш не знаете што може да ви се допадне и какви нови пријатели ќе сретнете на ова патување.rn

4. Направете буџет за животот после факултет

rnОд голема важност е да направите буџет што ви одговара. Досега можеби сте живееле со помош од родителите, но кога ќе останете сами потребно е да ги испланирате вашите трошоци. Важно е уште сега да го направите буџетот и однапред да ја испланирате иднината.rn

5. Одете на соло авантура

rnСекој ќе ви каже дека сега е најдоброто време за патување бидејќи распоредот ви е флексибилен. Размислете за соло авантура од еден или неколку денови, на место кое одамна сте сакале да го посетите.rn

6. Одете на настан организиран од факултетот

rnНа факултетот веројатно се организираат многу настани, па слободно распрашајте се. Можете да се вклучите во некоја спортска екипа, да правите нешто креативно или да учествувате во некој натпревар.rn

7. Пробувајте нови рецепти и најдете го омилениот

rnДоколку имате кујна, искористете ја максимално. Штом ќе дипломирате, самите ќе бидете одговорни за вашите оброци, па потребно е да знаете да направите нешто. На овој начин ќе имате можност да се храните здраво, но и да се забавувате.rn

8. Искористете ги студентските попусти

rnИстражувајте кои места нудат попусти за студенти и почестете се. Можете да организирате цел ден во кој ќе ги користите овие услуги.rn

9. Поминете цел ден на факултет

rnФакултетот ви е веќе како дом, па треба правилно да се збогувате со него. Испланирајте цел ден што ќе го поминете таму. Одете во омилената кафетерија во близина, релаксирајте се со книга во дворот и дружете се со колегите.rnrnДоколку се плашите за вашата иднина по дипломирањето, важно е да ги запомните овие нешта.