За оние кои не се сигурни што точно значи овој поим – синхроницитетот се сведува на одредени важни случајности. Овие случајности понекогаш се тешки за објаснување и тоа токму поради нивниот совршен тајминг и нивното совпаѓање со нашите животи. На овој начин универзумот ни покажува дека сме на вистинскиот пат. Во продолжение погледнете ги најчестите синхроницитети кои можеби се знак за некоја голема и убава промена во вашиот живот.rnrn
rnrn
1. Гледање повторливи броеви
rnГледањето броеви кои се повторуваат, како 1111 или 222, е можеби најочигледниот знак. Некои луѓе веруваат дека и секој број кој постојано го гледаме носи различна порака од универзумот.rn
2. Случајна средба со стар пријател
rnАко е време некоја личност да се врати во вашиот живот, универзумот ќе го направи токму тоа.rn
3. Средба со нова личност што може многу да ви помогне
rnУниверзумот секогаш ќе ви помогне кога сте на правиот пат, а понекогаш таа помош може да биде и во форма на нова личност во вашиот живот.rn
4. Добивање подарок кој сте го сакале
rnМожеби сте сакале нешто, но не сте кажале никому за тоа. Тогаш, на ваше големо изненадување, некоја блиска личност ви го подарува токму она што сте го посакале. Дури може и да ви каже нешто во стилот: „Го видов ова и се сетив на тебе.“rn
5. Добар тајминг
rnМожеби распоредот не ви бил баш најдобар, но одеднаш сте престанале со доцнење. Како сè во вашиот живот да почнало да се случува во вистинското време и по вистинскиот редослед.rn
6. Конечно наоѓате одговор на некои прашања
rnМожеби долго време ве мачело нешто за кое сте немале одговор. Сега конечно одговорот почнува да ви станува јасен, како да сте го знаеле целото време.rn
7. Ви се јавува некој за кој сте размислувате
rnИ ова е еден од почестите и поочигледните знаци. Можеби размислувате за пријателот кој го немате видено одамна, и веднаш потоа добивате порака или повик од него. Ова само ќе ви покаже дека всушност сите ние сме поврзани.rn
8. На радио ја пуштаат вашата омилена песна кога вие ќе ја посакате
rnМожеби ви се случило да помислите на некоја песна и веднаш потоа да ја пуштат на радио. Можеби не изгледа така, но и ова е еден од важните знаци за синхроницитет.rnrnДали знаевте дека ништо не е случајно и сè се случува со причина?