9 креативни начини да ја користите вашата пегла за коса

Сподели

Речиси нема девојка која во својот сет за разубавување нема и пегла за коса. Со неа брзо можете да си направите одлична фризура и да бидете спремни за каква било пригода. Во продолжение ви прикажуваме неколку начини на кои можете креативно да ја искористите вашата пегла за коса.

Реклама

rn

Реклама

1. Исправување

rnРазделете ја косата и почнете со исправување, но внимавајте да не земате пошироки делови отколку што е плочата за пеглање. Ставете си спреј за заштита од топлина и исчешлајте.

rn

2. Неуредни бранови

rnЗемете еден прамен и навиткајте го вертикално на вашата пегла за коса, на начин како што е прикажано на фотографијата. Долниот дел од пеглата (каде што се наоѓа кабелот) нека ви биде свртен нагоре, почнете од близината на коренот и продолжете надолу. Кога ќе завршите, поминете со вашите прсти низ косата, така што ќе ги направите брановите неуредни и бушави. Сувиот шампон или солта ќе ви дадат мат текстура.

rn

Реклама

3. Одлични бранови

rnСледете ги чекорите од вториот изглед (неуредните бранови), но користете четка за обликување и спојте го секој бран во еден.

rn

4. Гламурозни локни

rnЗапочнете од коренот, свртете ја пеглата за 360 степени и повлечете нагоре. Ставете мала шнола за да ја прицврстите на местото. Потоа испуштете ги и исчешлајте ја косата со четка.

Погледнете уште 5 креативни начини за користење на пеглата за коса на наредната страница…rn

Најново

Може ќе ве интересира