КАФЕ ПАУЗА

9 чекори до содавање подобра слика за вашето тело

Секој има создадено своја слика за тоа како треба да изгледа идеалната убавина. Сепак, реалноста е дека не можете секогаш да ги имате посакуваните особини. Секој има некој недостаток и тоа е нормално. Наместо да се трудите да ги поправите своите несовршености со што постојано ќе бидете нерасположени, научете да си го прифатите вашето тело онакво какво што е и набрзо ќе забележите колку повеќе ќе бидете позитивни. Обидете се да ги следите овие чекори и да ја остварите вашата цел.rnrn9 чекори кои ќе ви помогнат да создадете подобра слика за вашето телоrn

1. Не дозволувајте со вас да владее омразата кон вашето тело

rnЛуѓето кои страдаат од опсесија обично не се свесни за тоа и најчесто веруваат дека се тврдоглави. Обидете се да се анализирате себеси и да се запрашате зошто го мразите вашето тело. Дали тоа се обидело на некој начин да ве убие? Најверојатно не. Сфатете дека секој има мани и тоа е сосема нормално и прифатливо. Доколку другите не можат да го прифатат вашиот недостаток и тоа ги спречува да ве третираат со почит и учтивост, тогаш проблемот е во нив, а не во вас.rn

2. Сакајте си го телото

rnМожеби ќе добиете трансплантација на некој орган во текот на вашиот живот, но никогаш нема да имате трансплантација на вашето тело. За добро или лошо, вие имате само едно тело, па затоа, научете да го сакате и да го цените. Вашето тело е чудо што ви овозможува да уживате во светот во кој живеете.rn

3. Прифатете се себеси

rnВие сте единствени и не постои некој кој бил, е или ќе биде ист како вас. Па, зошто да го губите времето обидувајќи се да бидете некој друг само поради нивното прекрасно тело? Бидете свои и уживајте во последиците!rn

4. Мислете на убав начин

rnПотсетете се на Мајка Тереза. Таа е сиромашна жена, но нејзините мисли ја направиле светица. Најдете начин да си помогнете себеси и да им подарите насмевка на непознатите луѓе, споделувајте комплименти и мислете на убав начин, па сѐ околу вас ќе ви се чини убаво.rnrn9 чекори кои ќе ви помогнат да создадете подобра слика за вашето телоrn

5. Преиспитајте се себеси

rnПоточно, прашајте се себеси: „Што направи омразата кон мене во последно време?“ Нема да пронајдете ниту еден позитивен резултат од таа омраза кон себеси, но тоа не значи дека ќе биде невозможно да се ослободите од неа. Мислете на себеси како зрели и значајни личности, па со текот на времето ќе станете повеќе позитивни.rn

6. Сфатете дека слабите луѓе не се посреќни

rnСреќата на луѓето не зависи од нивната надворешна слика. Зошто да мислите дека слабите луѓе се среќни и секогаш се спремни успешно да ги надминат предизвиците и несреќите со кои се соочуваат? Телото не гарантира ниту среќа, ниту тага, ниту сиромаштија, ниту богатство.rn

7. Контролирајте ги мислите

rnВие можете да бидете опседнати со тоа дека треба да бидете слаби, прекумерно да вежбате, да јадете помалку и да бидете убави по секоја цена. Но, колку и да не можете да ги избегнете овие мисли, барем можете да ги контролирате. Секогаш кога ќе почувствувате дека сте нападнати од нив, почнете да размислувате на нешто позитивно и попродуктивно.rn

8. Одговорете на прашањето: „Кои мислите дека сте?“

rnВашето тело не е она што сте вие. Чувствата, мислите и односите ве создаваат вас, а не вашите мускули и големината на градите. Можеби ќе ви биде потребен подолг период да го сфатите тоа, но потоа тоа ќе ви биде навика и постојано ќе се потсетувате на позитивните аспекти во вашиот живот.rn

9. Дозволете да започне лекувањето

rnНишто не може да биде завршено за краток период, а исто така и вие не можете да ја смените сликата за себе во еден ден. Но, секако дека можете секојдневно да преземате чекори за да ја поправите истата.