КАФЕ ПАУЗА

8 знаци дека сте подготвени да живеете заедно

8 знаци дека сте подготвени да живеете заедно

Прв состанок, првиот заеднички одмор, првата годишнина… вселувањето заедно се вбројува во најважните моменти во една врска. Пред да се одлучите на еден ваков сериозен чекор, осигурајте се дека вие, како и вашиот/ата партнер/ка, сте подготвени на тоа. Ако за вас важат сите или поголем дел од овие работи, тогаш вистинското прашање е што чекате уште? Почнете да барате ново место или направете уште една копија од клучот од вашиот стан.rnrn8 знаци дека сте подготвени да живеете заедноrn

1. Минувате поголем дел од неделата во куќата на партнерот

rnТолку често сте кај него/неа дома, што станувате свесни дека можеби треба да почнете да ги делите сметките за струја и вода.rn

2. Вашите цимери или членовите на вашето семејство ве гледаат ретко

rnВашите цимери во суштина живеат без вас. Им се случило да ви пишат порака само да ве прашаат дали сте добро бидејќи ве немаат видено со денови.rn

3. Сте направиле безброј засрамувачки работи еден пред друг

rnГо паметите оној романтичен период на почетокот кога внимававте што јадете, што зборувате, како се движите? Сега подждригнувате пред партнерот, а тој јаде пилешко испружен на каучот пред телевизор. Заедно сте поминале низ настинки и стомачни вируси, но сепак сфаќате дека магијата не исчезнала. Напротив, се прифаќате еден со друг како обични луѓе на кои може сешто да им се случи.rnrn8 знаци дека сте подготвени да живеете заедноrn

4. Имате свои работи во домот на партнерот

rnЧеткичка за заби, долна облека… Ви се има случено и да си купите четка за заби која ќе стои кај него/неа дома. На неговите закачалки може да се најде по некоја ваша маичка, па веќе мислите да си побарате фиока.rn

5. Во неговиот/нејзиниот кревет се чувствувате поудобно

rnНе е толку до креветот колку до присуството на партнерот/ката. Го сакате мирисот на нејзината коса, а таа толку обожува да спие во вашата голема маица што намерно не носи пижами.rn

6. Си недостигате доколку не се видите повеќе од 2 дена

rnГо чувствувате неговото/нејзиното отсуство, но пробувате да се справите со тоа како возрасни и силни личности.rnrn8 знаци дека сте подготвени да живеете заедноrn

7. Знаете многу за финансиите на вашиот партнер

rnИако парите и заработувачката се интимна работа, понекогаш и непријатна, веќе знаете многу за вашите финансии како и управувањето со нив. Нема проблем да ви се довери колку трошоци има во месецот што доаѓа, ниту пак отворено да зборувате за тоа до колку може да си дозволите на престојаниот одмор.rn

8. Ги знаете вашите чудни домашни навики

rnВашиот/ата партнер/ка знае дека сте опседнати со чистотата и организираноста, дека пеете под туш, дека имате чуден распоред на јадење и сл. Не чувствувате потреба да ги прикривате вашите навики ниту пак да ги промените.rnrn8 знаци дека сте подготвени да живеете заедноrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.