Некои луѓе ги избегнуваат превентивните медицински прегледи или бидејќи немаат време, или поради стравот од доктори. Но, самите можете да направите неколку тестови со кои ќе добиете информации за здравјето. Овие методи ќе ви помогнат да откриете дали е време да се обратите кај експерт или сосема сте во ред.rn
1. Ендокрин систем
rn
rnrnЕден од најголемите показатели на здравјето е големината на вашата половина. Па, измерете го обемот на околу 2,5 центиметри над папокот. Ако сè е во ред, кај жените големината би требало да биде не повеќе од 86 центиметри, а кај мажите не повеќе од 101 центиметар. Луѓето со поголема половина имаат 5 пати поголем ризик да добијат дијабетес тип 2. Властите во Јапонија во 2008-ма година одлучиле да донесат закон со кој ги обврзуваат луѓето со голем стомак да посетуваат посебни сеанси за слабеење.rn
2. Мозок
rn
rnrnПотребен ќе ви биде празен лист хартија, пенкало или маркер и помош од пријател. Нацртајте часовник и кажете му на пријателот да ви каже колку е часот со часови и минути. Потоа нацртајте ги стрелките така што ќе го покажуваат кажаниот час. Тестот вклучува многу процеси во мозокот. Деловите одговорни за движење на рацете и визуелната перцепција работат повеќе, па затоа неможноста да се нацрта часовник и стрелки може да биде знак за деменција.rn
3. ‘Рбет
rn
rnrnПотребни ќе ви бидат две ваги. Застанете со левото стапало на едната, а со десното на другата вага. Тежината и на двете треба да биде отприлика иста. Ако има голема разлика помеѓу резултатите, тоа може да покажува дека вашиот колк е изместен. Најдобро е да го посетите лекарот.rn
4. Респираторен систем
rn
rnrnЗа овој тест ќе ви биде потребна штоперица. Застанете и мерете си го пулсот 30 секунди. Потоа седнете и вдишете 3 пати без издишување. Држете го воздухот колку можете повеќе и бројте го времето. Со издишувањето проверувајте го пулсот 30 секунди.rn
Резултати:
rn
- rn 011
- Ако не можевте да го држите воздухот повеќе од 40 секунди, можеби респираторниот систем не ви е во ред. Просечните броеви се од 40 до 49. Ако можете да го држите воздухот повеќе до 50 секунди, вие сте во одлична форма.
- Пресметајте го пулсот со следнава формула: Резултатот треба да биде разлика помеѓу бројот на отчукувања 30 секунди пред тестот и 30 секунди по тестот. Ако добиете 1, 2 или помалку, во ред е. Ако добиете поголем број, можеби на вашиот кардиоваскуларен систем му е потребен повеќе кислород.
rn 011
rn
rn
5. Коски
rn
rnrnПогледнете ги вашите нокти. Ако се рапави и испукани или имаат бели дамки, тоа не е само козметички проблем. Оваа состојба можеби покажува дека вашето тело нема доволно витамин Б, железо или дека постои зголемен ризик од остеопороза.rn
6. Вид
rn
rnrnГледајте 30 секунди во прозорец, па затворете ги очите. Отворете го левото око, затворете го, па отворете го десното око. Ако сликата и на двете очи е замаглена и линиите повеќе не се паралелни, тоа може да биде знак за макуларна дегенерација или губење на видот.rnrnМожете да направите уште еден тест во близина на паркинг. Оддалечете се од кој било автомобил 20-тина метри и обидете се да ја прочитате регистарската табличка. Ако не можете, најдобро е да посетите лекар.rn
7. Слух
rn
rnrnОбидете се да слушнете што зборуваат луѓето на растојание од 5-6 метри. Ако не можете да разберете ништо, најдобро е да одите на лекар. Важно е да знаете дека овој метод не функционира на бучни места. Во кафетерија со гласна музика не можете да ја слушнете ни личноста до вас.rn
8. Црн дроб
rn
rnrnПогледнете се во огледало во кое можете да го видите целото ваше тело. Дали има слој сало над вашата половина? Тоа се масти околу црниот дроб што не му дозволуваат правилно да работи.rnrnОд друга страна пак, и пожолтените белки во очите, масното ткиво (особено на очните капаци) и обложениот јазик се симптоми дека нешто не е во ред со вашиот црн дроб.rnrnПогледнете и што ви кажуваат дланките за вашето здравје.