8 трикови за млад изглед од Софија Вергара

Сподели

На 48-годишна возраст Софија Вергара може да се пофали со совршен изглед и лице без ниту една брчка. Софија Вергара верува во моќта на превенцијата и вели дека тоа е клучот. Почнала да користи креми за лице на 20-годишна возраст и скоро никогаш не ја прескокнува вечерната рутина за нега. За нејзината грижа не се потребни многу пари, туку дисциплина.

Реклама

rn

1. Користете креми кои ја зајакнуваат бариерата на кожата

rnСофија веќе неколку години има проблем со розацеа, заболување на кожата што предизвикува црвенило на лицето. Затоа, нејзината нега се заснова на производи за чувствителна кожа кои ја зајакнуваат заштитната бариера.rn

2. Нанесете креми со заштитен фактор во текот на целата година

rnБез оглед на сезоната, таа користи крем со УВ-заштитен фактор. Таа е сигурна дека овој крем е најдобриот производ против брчки што можеме да го користиме. Добро е познато дека сонцето остава траги на нашата кожа и прави да изгледа суво и безживотно, а тоа е веќе причина зошто овој крем треба постојано да се нанесува. После миењето, овој крем е првиот чекор на актерката во грижата за лицето.rn

3. Не се изложувајте претерано на сончевите зраци

rnИако сака тен, таа не поминува премногу време на сонце. Таа ги одбира кремите за самопотемнување за да има бронзена кожа во текот на целата година.rn

4. Серумите и маслата се омилен дел од нејзината рутина

rnПосле туширање навечер, користи масло од невен – добро е за чувствителна кожа. Освен масло од невен, кокосовото масло вели дека е многу пријатно.rn

5. Внимава што јаде

rnЈаде многу зеленчук, боровинки и пие зелен чај. Додава лажица колаген во чајот и се обидува да пие многу вода. Таа вели дека хидратацијата е најважниот дел од рутината за убавина.rn

6. Користи ретинол и витамин Ц

rnПо препорака на дерматолог, користи серуми со ретинол и витамин Ц и се чини дека одлично делуваат на нејзината кожа.rn

7. Не претерувајте со шминкањето

rnТаа користи тешка шминка само кога е на црвениот тепих, а во приватниот живот работите се сосема поинакви. Се обидува да ја остави кожата да дише и да не ја оптоварува со тешки пудри.rn

8. Никогаш не одете на спиење со шминка

rnСпиењето со шминка е најлошото нешто што можете да го направите за вашата кожа. Софија тоа добро го знае, па затоа секоја вечер темелно го чисти лицето.

Прочитајте и за овие 10 совети за облекување што ќе направат да изгледате 10 години помладо.

Популарно

Може ќе ве интересира