Сите знаеме дека раскинувањето никогаш не е лесно. Но, како и сè друго, така и тоа си има свои правила. Ако веќе претчувствувате дека се ближи крајот на врската, обидете се да се придржувате до следниве правила.rnrn
rnrnРаскинувањето е лично – Се работи за личност за која сè уште се грижите и затоа не користете Интернет или СМС-пораки за да ја соопштите лошата вест. Разговарајте лице в лице и бидете искрени, но пристојни.rnrnПланирајте го разговорот – Постои можност да избегате од темата и раскинувањето да добие друга насока. Составете си го сценариото во глава за да ја намалите нервозата и да се сосредоточите на целта.rnrnНе лажете – Кажете ја вистинската причина зошто раскинувате. Сигурно ќе бидете во искушение да ја ублажите состојбата, но искреноста е сепак најдобриот пристап. Не оставајте другата страна да погодува и да претпоставува зошто врската не успеала.rnrn
rnrnНо, не навлегувајте во детали – Не бидете сурови опишувајќи колку би било убаво кога вие двајца би се разделиле. Цензурирајте се самите себе. Нема потреба да додавате дека веќе се интересирате за некој друг.rnrnНе раскинувајте кога сте под дејство на алкохол – Не само што зборовите несвесно ќе ви излетуваат од уста, туку и помнењето ќе ви биде заматено. Уште полошо ако и тој е во алкохолизирана состојба, затоа што најверојатно нема да се сеќава дека сте му раскинале, па ќе мора да го направите тоа уште еднаш.rnrnНе давајте лажна надеж – Посебно не дека работите во иднина би можеле повторно да функционираат. Лажната надеж го ублажува ударот, но ја продолжува болката.rnrn
rnrnРазберете се со убаво – Но, не очекувајте дека сосема ќе ги расчистите работите. Колку и да посакувате да бидете начисто кога ќе ги завршувате работите, тоа може никогаш да не се случи. Затоа не обидувајте се да се сретнувате сè додека не расчистите. Ако е готово, готово е.rnrnНе контактирајте некое време – Одолејте му на искушението и заборавете на секаков контакт извесно време после раскинувањето. Контактите од сожалување или затоа што имате грижа на совеста не се оправдание. Дајте си простор еден на друг и продолжете секој по својот пат.rnrnБез повторно смирување – Најголема опасност по раскинувањето е можноста повторно да се смирите. Затоа бидете внимателни. Ако еднаш сте раскинале, па сте се смириле, големи се шансите повторно да раскинете заради истата причина како и првиот пат.rnrn
rnrnРаскинувањето не е центар на внимание – Не споделувајте го јавно раскинувањето и не принудувајте ги заедничките пријатели да одберат страна. Раскинувањето е доволно болно и без целото внимание на јавноста.rnrnНе форсирајте нов состанок – Осигурајте се дека поминало доволно време од раскинувањето и дека сте навистина подготвени за нов состанок. Ако во вашиот живот се појавила нова личност која ви се допаѓа, бидете отворени, трпеливи и најважно од сè, бидете искрени.rnrnБидете голема личност – Зачувајте го достоинството така што нема да си кажете ништо ужасно еден на друг за време на раскинувањето. Тоа нема да направи да се чувствувате подобро. Завршете ја врската учтиво и грациозно.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
