Довербата може да биде навистина чудна. На мозокот му е потребно помалку од 1 секунда за да одлучи дали можеме да веруваме некому, но доколку оваа одлука секогаш е точна, не би имало разводи, уништени пријателства или изневерување. Поради тоа, луѓето настојуваат да бидат сомнителни и да не веруваат на секој што само ќе го сретнат. Но доколку сакате да изгледате добро во нечии очи, постојат неколку методи што ќе ви помогнат во тоа.rnrn
rn
1. Покажете ѝ на личноста дека ви се допаѓа
rnСте слушнале ли за феноменот „реципрочно допаѓање“? Ова се однесува на настојувањето на луѓето да им се допаѓа некој на којшто тие му се допаѓаат. Ова се случува бидејќи луѓето чувствуваат поддршка од партнерот и добро е да знаете дека сте сакани. Па доколку некогаш треба да привлечете нечие внимание, покажете позитивен став кон него и веројатно ќе ја добиете истата љубов.rn
2. Истурете го кафето
rnИако овој совет звучи чудно, многу истражувања покажале дека нашата ранливост ја зголемува нашата привлечност и ги тера луѓето да ни веруваат. Но постојат 2 важни факти што треба да ги запомните. Пред да кажете лоша шега или да го испуштите пенкалото на земјата, осигурете се дека личноста е свесна за вашата „изведба“.rn
3. Извинете се
rnДруг ефективен, но често заборавен метод за градење доверба е извинувањето. Истражувачите забележале дека ова функционира во ситуации кога е очигледно дека не сте виновни. Како на пример, кога кажувате дека ви е жал за лошото време, кога покажувате емпатија или кога давате до знаење дека ви е жал што нешто тажно му се случува некому. Ова покажува дека го разбирате искуството на личноста, па таа ќе почне повеќе да ви верува.rn
4. Копирајте го однесувањето на соговорникот
rnВо овој случај не треба да бидете нападни, туку станува збор за имитирање на изразите на лицето, гестикулациите или однесувањето. Техниката е наречена огледување и навистина работи. Во едно истражување, келнерка добивала поголем бакшиш кога ги имитирала муштериите во ресторанот. Други истражувања покажале дека на мажите повеќе им се допаѓале жените кои го повторувале нивното вербално и невербално однесување, за време на состанокот. Се разбира, немојте да претерувате и да повторувате постапки како вртење кон другата страна.rn
5. Кажете тајна
rnСамодисциплината е можеби најимпресивниот пристап. Дали се сеќавате како сте се чувствувале кога сте се отвориле за нешто важно во вашиот живот? Кога ќе споделите интимна информација со другите луѓе, тие ја чувствуваат вашата грижа и се чувствуваат поблиску до вас. Ова значи дека и тие можат да ви кажат некоја тајна.rnrnИстражувања спроведени во неколку образовни институции, покажале дека студентите кои си поставувале приватни прашања изградиле поблиски врски, во споредба со оние кои не споделиле никакви интимни информации.rn
6. Зборувајте со правилна брзина
rnНекои експерти тврдат дека правилната брзина на зборување може да ви помогне да изградите доверба и да зачувате нечие внимание. Погрешно е да верувате дека имате една брзина на зборување за сите ситуации и изгледа дека секој настан си бара своја. На пример, брзото зборување укажува на итност, возбуда и страст, додека побавното темпо помага да се фокусирате на важноста или сериозноста на некој аргумент.rn
7. Нежно допрете го соговорникот
rnИзгледа дека случајниот допир може да биде моќна алатка за градење доверба. Многу истражувања го демонстрирале ова. Кога еден атрактивен маж барал телефонски броеви од жени на улица, дел од нив случајно ги допрел. 19% од допрените жени го дале нивниот број. Се разбира, доколку го користите овој метод бидете внимателни за социјалните и културните норми. Допирот нема да има позитивен ефект доколку ги преминете личните граници на соговорникот.rn
8. Покажете заинтересираност
rnКога ќе го направите ова, треба да се фокусирате на потребите и сфаќањата на другата личност наместо на вашите верувања. Најчесто, кога двајца луѓе разговараат, едниот секогаш трпеливо го чека другиот да заврши со зборување. Потоа тој ја кажува неговата приказна, најчесто со поврзана тема и често со обид да каже поинтересна и подобра приказна. На следната средба со нова личност, обидете се да не се фокусирате на вашите приказни, туку поставувајте прашања и покажете интерес кон соговорникот. Сигурно ќе бидете изненадени од резултатот.rnrnПробајте ги и овие психолошки трикови за поголема самодоверба.
