Секоја жена има комплицирана врска со градниците. Ова парче долна облека стана симбол на модерната женственост. Градниците се носени секојдневно од речиси сите жени, со верување дека ја нудат потребната поддршка за градите. Но колку од оваа „поддршка“ е научно потврдена? Постојат многу причини кои ќе ве натераат да се откажете од градниците, а во продолжение погледнете некои од нив.rnrn
rn
1. Градниците немаат никаков ефект при подигањето на градите
rnМногу жени мислат дека ако не носат градник, нивните гради ќе се „спуштат“. Всушност, едно истражување во Франција покажало дека градниците го имаат токму спротивниот ефект. Тие предизвикуваат градите да ја загубат нивната форма со текот на времето. Кога носите градник, природната потпора на градите ослабува, а ова предизвикува нивно спуштање.rn
2. Ќе имате подобра циркулација
rnГрадникот сепак е само огромен стегач за вашите гради, а ова стегање сигурно ќе има влијание на циркулацијата. Кога ќе се откажете од градниците, ќе ѝ дозволите на крвта слободно да се движи.rn
3. Вашиот сон ќе ви биде благодарен
rnАко имате проблеми со спиењето, можеби треба да го обвините вашиот градник. Тој може да предизвика неудобност, а ова има негативен ефект на вашиот сон. Никогаш не одете на спиење со градник.rn
4. Ќе се подобри здравјето на вашите гради
rnДодека нема некои сериозни последици за здравјето од градниците, тие сепак може да ги иритираат вашите кожа и мускули. Здравствени проблеми може да настанат и ако градникот ви предизвикува болка во ребрата и недостаток на воздух.rn
5. Ќе ви биде удобно
rnСигурно ви е познато прекрасното чувство кога ќе го соблечете градникот на крајот од денот. Сега, замислете како е да го имате тоа чувство во текот на целиот ден. Само оваа причина е доволно добра за да се откажете од него.rn
6. Можеби вашите гради ќе се зголемат
rnКога сакаме да ги истакнеме градите, многумина од нас одбираат пуш-ап градници, бидејќи тоа изгледа како најлесен начин. Но, ако сакате да ги зголемите градите долгорочно, најдобро е да се откажете од градниците. Кога ќе ја немаат поддршката од градникот, мускулите на вашите гради ќе станат активни со цел да ѝ се спротивстават на гравитацијата. Самите гради нема да пораснат, но цврстите мускули ќе направат да изгледаат поголеми.rn
7. Можете да заштедите пари
rnГрадниците не се евтини. Зошто да не ги потрошите тие пари за нешто што всушност го сакате и навистина ви е потребно?rn
8. Ќе ја подобрите нивната форма
rnМускулите на вашите гради ќе зајакнат со текот на времето и ќе им дадат поубава, позаоблена форма.rnrnПрочитајте ги и овие совети за здрави гради.