КАФЕ ПАУЗА

8 причини зошто не е добра идеја да сте во врска со маж кој е многу постар од вас

Секогаш постојат исклучоци, но најчесто оваа врска не е добра идеја. Да, тој е позрел, погалантен и моментално попривлечен, но ви откриваме 8 вистини зошто постарите мажи не се секогаш идеален избор за врска. Можеби љубовта е слепа, но немојте и вие да бидете како неа. Кога се работи за врските, треба да земете во предвид повеќе нешта, а не само вашето срце. Вклучете ја сијалицата на разумот и погледнете ги негативните страни на врската со постар маж.rnrn8 причини зошто не е добра идеја да сте во врска со маж кој е многу постар од васrn

Вистина број 1: Најголемата причина за постоењето на оваа врска е вашата младост!

rnСигурно имате заеднички интересирања и ви изгледа како да сте една душа разделена во две тела, но главната причина поради која тој е со вас е вашата младост. Тоа нема врска само со физичкиот изглед, туку поврзано е и со вашиот млад дух, ведрина и енергија кои ги имате во себе.rn

Вистина број 2: Без разлика дали ќе им кажете на вашите родители или не, вие имате проблем!

rnАко одлучите да ја одржувате оваа врска во тајност, постојано ќе бидете под голем притисок, а тоа воопшто не е лесно. Вашата врска сигурно ќе трпи, а со лажењето ништо нема да постигнете. Доколку сепак решите да им признаете на вашите родители, големи се шансите дека ќе бидат против вашиот однос, а тоа дополнително ќе ви влијае на вашите емоции.rn

Вистина број 3: Има големи шанси тој да исчезне после првиот секс

rnТој е шармантен, сладок, галантен и има многу знаење. Но, факт е дека може да е заинтересиран само за секс. Не е ни првиот, ниту пак последниот маж кој сака само секс со помлада девојка од него.rn

Вистина број 4: Ако е оженет, НЕМА да ја остави својата сопруга за вас!

rnМал број афери завршуваат со развод по кој мажот останува со љубовницата. Но, дури и да има шанси да се случи тоа, зарем би сакале на совест да носите нечиј брак? Исто така имајте на ум дека штом еднаш го направил тоа, ништо не го спречува да го повтори, но овој пат вие да бидете онаа која е оставена.rn

Вистина број 5: Иако верувате во тоа, вие двајца не сте на исто емоционално ниво!

rnТој ве гледа како убава, слатка и симпатична девојка која можеби е зрела за своите години, но дефинитивно не е ни близу до него. Доколку сепак сте на исто емоционално ниво, тогаш без сомнение проблемот е во него. Тој е премногу детинест за своите години, а врската со ваков вид личности никогаш не завршува добро.rn

Вистина број 6: Дури и да мислите дека тој се согласува со вашите пријатели, тоа не е така!

rnИсто како и претходната вистина, доколку тој има што да разговара со вашите пријатели, тогаш големи се шансите дека нешто не е во ред со него. Исто како што и вие си имате пријатели на ваши години, така би требало и тој.rn

Вистина број 7: Врската со него ќе ве отуѓи од вашите најблиски!

rnВие ќе имате потреба постојано да докажувате дека вашата врска е „вистинска“ и дека станува збор за искрена љубов. Тој ве прави среќни и ви овозможува сè што ви е потребно, или барем вие така мислите. Со оглед на тоа што постојано ќе ја браните оваа врска, вие без сомнение ќе се оддалечите од најблиските кои во секој момент ќе ви посочуваат одредена маана.rn

Вистина број 8: Околината нема да ја прифати вашата врска, без разлика колку долго таа трае!

rnВие секогаш ќе бидете главна тема на коментари и озборувања, бидејќи луѓето не се навикнати да гледаат пар со толку голема разлика во годините. Ретки се оние кои ќе ви кажат да продолжите храбро напред, а понекогаш многу е тешко да се живее со таа мисла.