КАФЕ ПАУЗА

Каде да се напиете кафе во Солун според локалните жители?

Каде да се напиете кафе во Солун според локалните жители

Солун е една од најчестите дестинации на Македонците кои сакаат да поминат викенд надвор од државата. Ако планирате некој викенд во овој град, разгледајте ги овие неколку места на кои можете да го испиете вашето кафе. Во Солун кафулиња има во изобилие, но овие се препорачани од локалните жители.rn

1. Тихо Тихо (Tiho Tiho)

rnТихо Тихо е модерно и симпатично место сместено во византиските ѕидини во близина на центарот на градот, на улица Полидору 1 и Аграфон (Рolidorou 1 & Agrafon). Го посетуваат сите генерации, од тинејџери до повозрасни луѓе. Покрај вкусното кафе, локалците го препорачуваат да го пробате и нивното полуслатко вино.rnrnКаде да се напиете кафе во Солун според локалните жителиrn

2. Мон Фрер Кафе (Mon Frere Cafe)

rnОва кафуле е уредено во стил на француско бистро. Внатре речиси сè е бело, а подот е како табла за шах. Покрај богатиот избор на кафиња можете да нарачате и бели печива. Многу е популарно меѓу локалните жители, па затоа не е лесно овде да се најде слободна маса. Ќе го најдете на Каролу Дил 6 (Korolou Ntil 6).rnrnКаде да се напиете кафе во Солун според локалните жителиrn

3. Пис оф Кејк (Piece of Cake)

rnМало симпатично кафуле скриено на ул. Хрисостому Смирнис 19 (Xrystostomou Smyrnis 19) во кое покрај кафето морате да нарачате и некое колаче, затоа што се прекрасни и омилени меѓу локалците. Кафулето го водат две девојки кои го уредиле по свој вкус, па местото има автентичен изглед чија цел не е да им се допадне на сите.rnrnКаде да се напиете кафе во Солун според локалните жителиrn

4. Пастафлора Дарлинг (Pastaflora Darling)

rnВо Пастафлора можете да се напиете кафе или нешто од големиот избор на коктели. Кафулето е во ретро стил, во многу бои и се наоѓа на улицата Зефксидос во самиот центар на градот. Тоа е едно од најпопуларните кафулиња во градот.rnrnКаде да се напиете кафе во Солун според локалните жителиrn

5. Поко Локо (Poco Loco)

rnАко сакате да се освежите со одлична лимонада, покрај кафето, Поко Локо е препораката на локалните жители на Солун. Се наоѓа на Георгиу Ставру 12 (Georgiou Stavrou 12).rnrnКаде да се напиете кафе во Солун според локалните жителиrn

6. Микрон Кафе Корнер (Mikron Coffee Corner)

rnМикрон е одлично место за пауза за кафе додека го разгледувате центарот на градот. Покрај кафето нуди и извонредни десерти. Ќе налетате на него на ул. Василеос Ираклеју 12 (Vassileos Irakleiou 12).rnrnКаде да се напиете кафе во Солун според локалните жителиrnrnДоколку вие знаете некое место кое вреди да се посети, а не е спомнато овде, споделете со нас во коментарите.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.