КАФЕ ПАУЗА

8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќ

8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќ

Речиси на секого му се има случено да сака да заспие на работното место. Но за среќа постои храна која може да ве држи будни без разлика колку малку сте спиеле претходната ноќ. Бидејќи секоја храна има различни материи, можно е некоја храна да делува подобро од друга. Ако ви е потребна енергија, избегнувајте едноставни јаглехидрати како тестенини, или што било со многу шеќер.rn

1. Додајте лосос во салатата

rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnЛососот е богат со омега 3 масни киселини кои телото лесно ги претвора во енергија. Парче лосос во вашата салата ќе ви го даде потребното количество протеини и ќе ви помогне да останете будни.rn

2. Старото сирење ќе ве разбуди веднаш

rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnИако ова не е најздравата опција, мало парче постаро сирење може да ви биде од помош. Аминокиселината наречена тирамин се наоѓа во ферментираната храна и го стимулира мозокот помагајќи ви да се чувствувате посвежо.rn

3. Темно чоколадо за фокус

rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnКолку потемно, толку подобро. Темното чоколадо е добро за енергија поради високата концентрација на какао. Какаото го намалува стресот и ја зголемува вашата енергија и способноста за фокусирање.rn

4. Чиа семе за хидратација

rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnКолку похидрирани сте, толку посвежо ќе се чувствувате. Токму поради ова чиа семето е одлично за овие ситуации. Овие семки ќе ви помогнат да ја задржите водата што ја пиете во текот на денот. Покрај тоа, чиа семето е богато со протеини и влакна, па нема да се чувствувате изморено по зголемувањето на енергијата.rn

5. Бананите се подобри од енергетските пијалаци

rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnСпоред едно истражување од 2012-та година, бананите го подобруваат вашиот перформанс и вашата енергија многу повеќе од енергетските пијалаци. Сличен ефект имаат и крушите.rn

6. Бадемите се одличен начин за зголемување на енергијата

rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnЕдна рака бадеми не само што е најлесната ужина, туку е одличен начин да се ослободите од заморот. Бадемите се полни со здрави мононезаситени масти кои ќе го одржат нивото на вашата енергија.rn

7. Кељот ги има сите витамини кои ќе ве одржат будни

rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnКељот, заедно со другиот зелен лиснат зеленчук, е полн со витамини Ц и К, калциум и бета каротен. Сите овие материи го одржуваат нивото на вашата енергија. Една голема порција кељ е одлична опција за вашата енергија.rn

8. Едамаме за попладневна поспаност

rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnАко ја сакате јапонската кујна, сигурно ќе ве израдува фактот дека едамаме гравот е одличен за подигнување на нивото на енергија. Тој е полн со хранливи влакна и е непреработен вид соја што го прави вистинска енергетска машина.rnrnПрочитајте и кои витамини и минерали ќе ја зголемат вашата енергија.