Повеќето дами одбираат да поспијат повеќе наутро отколку да се разбудат порано и да одберат шик комбинација. Но, наредната сезона не мора да биде така! Спротивно од популарните верувања, вашите секојдневни парчиња облека можат да бидат тренди, без разлика дали станува збор за класична маица, мантил или панталони, сè додека знаете како да ги искомбинирате. Покрај тоа, важно е тие да бидат разновидни и едноставни за да можете да ги носите на работа, па и во вечерните часови.rnrn
rnrnДенес ви презентираме 8 парчиња облека кои одговараат на сечиј стил, и на кои треба да обрнете внимание оваа есен, која само што не пристигнала.rn
1. Тренч мантил
rnКога ќе инвестирате во добар тренч мантил, ќе ја разберете неговата моќ. Ваквиот мантил никогаш нема да излезе од мода, бидејќи покрај добриот стил, има и одлична функција за време на дождливите денови и го комплетира секој стил.rnrn
rn
2. Волуменозен џемпер
rnОвде не станува збор за трикотажа која визуелно ќе ве „проголта“, туку за моделите „балон“ ракави. Балансирајте ги овие детали со тесна кошула или маица која ќе ја облечете одоздола, и со широки панталони или здолниште.rnrn
rn
3. Кожни панталони
rnПанталоните од вештачка кожа се наједноставниот начин да ја зачините вашата типична „униформа“ која се состои од фармерки и џемпер. Исто така, тие се удобни и уникатни.rnrn
rn
4. Тенка ролка
rnМожеби есента не е за дебели џемпери со ролка, но тенките блузи со сигурност се пригодни за ова годишно време. Тие совршено ќе се вклопат со панталони, здолниште, па дури и под фустан со кој ќе изгледате одлично.rnrn
rn
5. Карирано здолниште
rnКарираниот дезен, е дезен на есента, како што цветниот е на пролетта. Можеби сте го виделе многупати, но тој е одличен за секоја прилика, и е лесен за комбинирање. Кога имате вакво здолниште, вашите модни хоризонти можат да се прошират и да го олеснат дотерувањето.rnrn
rn
6. Скроен блејзер
rnСекоја дама треба да поседува скроен блејзер, а есента е одлично време да инвестирате во ова парче облека.rnrn
rn
7. Свилена панделка за коса
rnПанделките се голем есенски тренд, но и еден од најстарите и наједноставните трикови да го претворите вашиот целокупниот стил во елегантен и женствен.rnrn
rn
8. Чевли со викторијански детали
rnСекоја есен сме во потрга по совршениот пар чевли или чизми кои ќе ги носиме сè до пролетта. Оваа година тоа се чевлите инспирирани од викторијанскиот стил. Ваквите потпетици сигурно ќе одговараат на вашиот моден вкус.rnrn
rnrnПогледнете ги и овие топ 3 фризури кои ќе бидат хит оваа есен.