КАФЕ ПАУЗА

Нивното срце брзо се крши: 7 работи кои не треба да им ги ветувате на децата

Written by

in

,

Родителите се склони кон тоа да ги „поткупуваат“ своите деца со цел да го направат она што тие го бараат од нив, да избегнат карање, да ги заштитат од разочарување или пак да им дадат надеж. Професорката и одговорна за воспитување на деца и авторка на книги за деца, Силвија Рус, потенцира дека децата го запаметуваат она што им го кажувате и дека вашите реченици се и ваша обврска, па ако ги прекршите ветувањата, вие ќе ја изгубите довербата кај нив. Погледнете ги најчестите ветувања кои ги даваат родителите и притоа ги прекршуваат, а кои не се добри за развојот на децата.rnrnНивното срце брзо се крши: 7 работи кои не треба да им ги ветувате на децатаrn

1. Ветување дека нема да ги боли

rnБолката е субјективна, па ако отстранувањето на фластерот вам ви се чини како нешто мало и безначајно, детето тоа може да го доживува поинаку. Наместо да кажете дека воопшто нема да боли, можете да им кажете дека ќе боли малку, но дека брзо ќе помине.rn

2. Ветување дека ќе се вратите дома пред тие да заспијат

rnБидете внимателни со ветувањата кои ги давате, а кои не се под ваша контрола. Наместо да им ветите дека ќе се вратите дома пред тие да отидат во кревет, кажете им дека ќе дадете сѐ од себе за да се вратите што е можно порано.rn

3. Ветување дека не денес, туку наредната недела ќе си игра со другарите

rnДецата ги паметат деталите. Ако ветите нешто за следната недела, тие цврсто ќе се држат до тоа. Затоа, понудете им подобра алтернатива и кажете им: „Ќе разговарам со мајката на твојот пријател и ќе се обидам да договорам дружење кога ќе им одговара на сите“.rn

4. Ветување дека ќе ги одведете некаде откако ќе ја исчистат својата соба

rnПоткупот нема да им помогне на децата да научат да се мотивираат. Прескокнете го ветувањето за слатките работи и помогнете им да ја сфатат смислата на причините и последиците. Обидете се со нешто како на пример: „Треба да ги собереш играчките затоа што некој би можело да се сопне и да падне“.rnrnНивното срце брзо се крши: 7 работи кои не треба да им ги ветувате на децатаrn

5. Ветување дека кога ќе ја напише домашната задача ќе биде најпаметно дете во класот

rnПомогнете му на детето да ја научи и да ја цени вредноста на учењето, наместо по секоја цена да сака да биде најдобар. Затоа, посочете му дека пишувањето домашна работа ќе му помогне да порасне и да научи многу работи.rn

6. Ветување дека утре ќе биде подобро

rnСите родители го сакаат најдоброто за своите деца, но понекогаш децата само сакаат да ги послушате и да ги сфатите нивните чувства. Добар начин за да го направите тоа? Кажете им: „Звучи како да си имал/а тежок ден“.rn

7. Ветување дека ќе ги одведете некаде на посебно место за нивниот следен роденден

rnВашите деца сакаат нешто посебно и вие сакате тоа да им го овозможите, но повеќето патувања бараат повеќе пари и буџет. Вклучете го детето во тој процес за да има претстава што се случува. На пример, можете да му кажете: „Одењето во Дизниленд би било забавно, но треба да размислиме како да заштедиме пари за да отидеме таму“.