КАФЕ ПАУЗА

5 идеи за идеални модни комбинации за венчавка

5 идеи за идеални комбинации за венчавка

Изборот на облека за венчавка може да биде навистина стресно доколку започнете да го преиспитувате вашиот избор и сте неодлучни. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да дигнете паника или пак, да почнете да размислувате да не одете на венчавката бидејќи „немате што да облечете“.rnrn5 идеи за идеални комбинации за венчавкаrnrnНие имаме неколку одлични идеи кои не вклучуваат класичен коктел фустан, а сепак во нив ќе се чувствувате единствено, женствено и удобно, без да чувствувате вина дека ќе го свртите вниманието од невестата кон вас. Нашите идеи се едноставни и веруваме дека ќе ви се допаднат. Во продолжение погледнете ги комбинациите:rn

Костум во неконвенционална боја

rnЗаменете го фустанот со дводелна формална комбинација – костум, но во некоја поинаква боја од црна или сива. Одлучете се за зелена, жолта, црвена, или пак костум со некој интересна шара, како на пример цветна или карирана. Под него можете да облечете тенка маичка на рамки или пак ништо. Штиклите се задолжителни за да го комплетирате овој сензуален изглед.rnrn5 идеи за идеални комбинации за венчавкаrn

Блејзер фустан

rnОдберете тродимензионален блејзер фустан од сатен или свила и ќе бидете главна ѕвезда помеѓу гостите. Овој стил не открива премногу, а сепак остава сексапилен впечаток.rnrn5 идеи за идеални комбинации за венчавкаrn

Макси фустан со ремен

rnСо помош на ремен, можете целосно да го промените изгледот на едноставниот долг фустан кој сте го носеле на плажа. Лелеавиот и широк фустан направете го привлечен со помош на ремен кој ќе го ставете околу вашиот струк. Покрај тоа, вашата фигура визуелно ќе биде значително истакната – што секогаш е добра идеја.rnrn5 идеи за идеални комбинации за венчавкаrn

Боди

rnБоди маицата е совршено парче кое може да се вклопи и со каков било долен дел да изберете. Тоа ќе стои мирно, и со најкраткото здолниште нема да ви создава досади набори кои изгледаат доста непривлечно. За венчавка, комбинирајте го со здолниште со весела шара и со крој во вид на молив.rnrn5 идеи за идеални комбинации за венчавкаrn

Комбинезон

rnКомбинезонот е секси алтернатива на фустан кој можете да го носите апсолутно секаде. Бирајте модел кој ќе ви го истакне струкот, со широки ногавици за дополнителна елеганција и малку подлабоко деколте. Подигнете ја косата во пунџа, облечете високи штикли и сте спремни за добар помин!rnrn5 идеи за идеални комбинации за венчавкаrnrnПогледнете ги и овие 5 одлични модни комбинации со бели панталони.